Тапетите сè уште се голем тренд во дизајнот на ентериерот

Тапетите сè уште се голем тренд во дизајнот на ентериерот

Светските трендови во дизајнот на ентериер оваа година се ориентирани кон создадење удобност во просторот за живеење. Не плашете се да излезете од вашата зона на удобност, а оваа година хит се шарените sидови, односно тапетите кои доаѓаат во разни бои и дезени.

1. Индустриски дизајн

Индустрискиот дизајн е омилен веќе неколку години, а неговиот ефект врз ѕидовите може да се постигне со мали трикови. Тапетите што имитираат тули ќе се вклопат совршено во другиот индустриски мебел.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de MuralsWallpaper (@muralswallpaper)

2. Мурали

Муралите на sидовите се идеален украс за секој работен простор, а муралните тапети се голем хит во последните неколку години. Бои, форми, дезени – колку повеќе шарени, толку подобро.

3. Цветни тапети

Иако пред околу десет години беа на црната листа на дизајн на ентериери во светот, во 2021 година се враќаат повторно. Ентериерите инспирирани од стилот на бабите во комбинација со модерни детали се полн погодок.

4. Тапети инспирирани од природата

Мотивите на растенијата и животните доаѓаат во малку попристојни варијанти и совршено ќе се вклопат во просториите наменети за одмор и дружење.

Прочитајте и како да ги комбинирате дрвените детали и да му дадете топлина и исполнетост на ентериерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар