Пловечки град: Патување околу светот со мега јахта во облик на желка

Пловечки град: Патување околу светот со мега јахта во облик на желка

Пловечки град во облик на желка е најновиот дизајн на италијанскиот дизајнер на мега јахти Пјерпаоло Лацарини. Неверојатната градба по име Pangeos е замислена како град за 60 илјади луѓе кои постојано ќе патуваат низ светот.

Пловечки град: Патување околу светот со мега јахта во облик на желка

Pangeos го позајмува своето име од Pangea, суперконтинентот што постоел за време на палеозојскиот и мезозојскиот период. Замислен е како монументален брод – долг 550 метри и широк 610 метри, кој ќе плови низ морињата и океаните ширум светот со помош на девет електромотори и брзина од 5 јазли.

Суперјахтата би била опремена со хотели, трговски центри, ресторани, барови, како и медицински установи. Со други зборови, јахтата би ги содржела сите неопходни структури за да се овозможи пријатен престој на вода.

Пјерпаоло Лацарини овој проект го нарекува терајахта и предвидува дека за негова изградба ќе бидат потребни околу 8 милијарди евра.

Со цел да се олесни собирањето пари за мегаломанскиот проект, во јануари следната година ќе биде објавена неговата виртуелна верзија. Заинтересираните ќе можат да купат токени, односно 3D верзии на различните сместувања на Pangeos кои потоа ќе преминат во нивна сопственост откако ќе биде изградена јахтата.

Откако прочитавте за овој неверојатен дизајн, можеби ќе сакате да прочитате и како архитектите дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпад.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар