Кои фактори најмногу влијаат на патот кон самостојното возење?

Кои фактори најмногу влијаат на патот кон самостојното возење?

Возењето во нашето брзо секојдневние, полно со обврски и потреби е навистина спас! Нуди свет полн со можности, давајќи ни слобода да истражуваме нови места и да се движиме непречено низ животните авантури.

Нешто со кое што можеме сите да се согласиме е тоа дека возењето е исто така важна вештина која ни нуди голема независност. Без разлика дали сте нов, неискусен возач што прв пат се соочува со предизвиците на патот или пак искусен возач кој што сака да ги надогради основите – од клучно значење за безбедноста и довербата зад воланот е разбирањето и совладувањето на основите на возењето.

Одговорот на прашањето – колку време е потребно за да се научи да се вози е сложен и под влијание на голем број фактори. Сите ние сме различни, имаме различни капацитети и преференци. Едно нешто кое сите нѐ обединува е желбата да управуваме со нашите возила лесно и безбедно.

Да, точно е, не е можно сите возачи почетници да имаат ист напредок. За некои од вас ќе биде брзо и интересно искуство, додека пак за други ќе биде подолг исцрпувачки пат каде што ќе биде потребно повеќе време за да се чувствуваат сигурни зад воланот. Но сѐ тоа е нормално и во ред!

Во овој едноставен водич – кој го спремивме за вас, ќе ги истражиме и ќе ви ги приближиме основите на возењето кои се протегаат од управувањето со возилото и сообраќајните правила до основните техники на возењето.

Како да ја одберете вистинската автошкола?

Како за почеток би ја нагласиле оваа точка, нешто што најмногу влијае на патот кон станување успешен и самостоен возач. Безбедноста во возењето треба секогаш да биде приоритет.

Доколку сакате да се обучувате во автошкола каде што постојано ќе ви бидат укажувани правила кои ќе ви помогнат полесно да се снајдете во целиот процес на возењето, тогаш авто школата АС КОКО е вистинскиот избор за вас.

На сите обуки се опфатени моментите, како кандидатите за возачи да се справуват со предизвиците на патот и со тоа како да научат да делуваат брзо во одредени ситуации.

Кандидатите за возачи добиваат увид во бројни околности, како што се тешки временски услови и невообичаено однесување при возење, преку вклучување во сесии во училница и практични активности. Со повторување на сите овие чекори – не само што ги подобрувате возачките способности туку и стекнувате чувство за одговорност и самодоверба.

Разбирање на работата на возилото

Па, да започнеме. На самиот старт, неопходно е да се запознаете со основните компоненти на возилото и како тие функционираат.

Изложеноста на различни средини и сценарија за возење е од суштинско значење за градење самодоверба и приспособливост на патот. Од навигацијата по урбаните улици до совладувањето на возењето на автопат и возење по неповолните временски услови, секое искуство придонесува за целокупното надоградување на возачот.

Еве неколку клучни аспекти кои ќе ви бидат од помош и треба да се земат во предвид.

Контроли на возилото

На самиот почеток на овој водич би сакале да ве воведеме во примарните контроли на возилото.

Од голема важност е да знаеме како работи воланот, педалите и менувачот. Доколку знаеме како ефективно да ги користиме овие контроли, ќе знаеме што значи безбедно возење.

Веќе сигурно знаете колку е битно да се внимава на поставеноста на рацете при држење на воланот, особено при вртењето. Не смеете да дозволите во ниеден случај рацете да се прекрстат една преку друга, бидејќи тоа доведува до недоволна контрола при управување со возилото. Исто така, многу важно е да се користат двете раце, при возењето. Не дозволувајте да се доведете во непријатна ситуација и да изгубите контрола над возилото токму поради оваа причина.

Индикатори на контролната табла

Освен примарните контроли на возилото, многу важно е да се има увид и на различните индикатори односно показатели на контролната табла. Овие индикатори даваат вредни информации за статусот и перформансите на возилото.

Еве некои од главните показатели на кои треба да обрнете посебно внимание:

  • Светла
  • Трепкачи
  • Километража
  • Обртомер
  • Брзинометар
  • Мерач на температура
  • Мерач на гориво

Палење и запирање

Како и на секое друго поле на кое сакаме да бидеме успешни, така и во процесот на совладувањето на возењето – прва и главна компонента според нас би било вежбањето.

Повторувањето на овој процес во континуитет може многу брзо да ве доведе до посакуваните резултати.

Како за почеток научете како да го стартувате моторот. Влезете во автомобилот и во придружба на вашиот инструктор стартувајте го возилото.

Проверете и вклучете ги брзините, а пак користејќи ги сопирачките, доведете го возилото до непречено запирање. Советуваме да вежбате започнување и запирање на возилото во средина каде што нема ризик и опасност – сѐ додека не се чувствувате удобно во процесот.

Совладување на сообраќајните правила и знаци

Од суштинско значење на едно одговорно возење претставува следење, разбирање и учење на сообраќајните правила и знаци. Тие се наменети да ни го олеснат патувањето.

Сообраќајни закони

Нешто што сметаме дека е исто толку важно колку сообраќајните правила – се сообраќајните закони. Запознајте се со сообраќајните закони и прописи во вашата област.

Како најбитни би ги издвоиле следниве:

  • Ограничување на брзината
  • Глоби за непочитување на сообраќајните закони
  • Забрани за непочитување на сообрачајните закони
  • Ограничувања за возачи – почетници (период од 2 години од вашето положување)

Почитувањето на овие закони помага да се спречат несреќи и да се промовира уреден сообраќај.

Патни знаци и ознаки

Секогаш треба да сме многу претпазливи, во секој сегмент од животот, бидејќи секогаш може да налетаме на некои опасности, затоа она што најмногу ќе ви помогне безбедно да се движите по патиштата и да се придржувате до сообраќајните прописи се патните знаци и ознаки.

За да можете непречено да се движите потребно е да ги препознавате и успешно да ги интерпретирате знаците.

Дел од знаците се:

  • Знаците за изречни наредби (знаци за забрана или ограничување, знаци за обврска)
  • Знаците за опасност
  • Знаците за известување

Фокусирано возење

Следно на листата е фокусираното и одговорно возење. Сигурно често пати сме прочитале за голем број сообраќајни незгоди низ градот, сѐ може да се случи и промени во секунда.

Усвојувањето на претпазлив начин на возење е од големо значење за предвидување и избегнување потенцијални опасности на патот.

Она што го имате вие како обврска е да останете будни, да го скенирате патот напред и да одржувате безбедно растојание од другите возила.

Најважно е да бидете подготвени брзо да реагирате на неочекувани ситуации, кои се надеваме дека ќе ги има што помалку или воопшто.

Суштински маневри и техники

Како до подобри техники за возење?

Сигурно многумина од вас често си го поставувале ова прашање. Сѐ што е навистина потребно е една рамка за учење која обично опфаќа одреден број на часови и пракса која ќе биде пропратена со добар и искусен инструктор, кој ќе може во секое време да биде тука и да е способен да го обучи кандидатот и да укаже на сите можни грешки.

Знаеме дека исто така дека честа дилема кај возачите почетници е тоа дали и после овие наставни часови во целост ќе ги имаат совладано суштинските маневри и техники на возење.

Доколку сакате брзо, лесно и самостојно да можете да се снаоѓате веднаш по наставата, во авто школа АС КОКО се покриени и опфатени сите потребни елементи за еден возач почетник да може лесно да перформира сам и по завршувањето на оваа обука.

Еве неколку основни маневри за вежбање и моменти на кои треба многу да внимавате во процесот на вашето понатамошно, самостојно возење:

Вртење

Конечно стигнавме и до оваа точка! Добронамерен совет е да бидете постојано фокусирани. Научете како безбедно и непречено да ги извршувате вртењата налево и надесно.

Внимавајте на сите можни ситуации додека сте во сообраќајот. Сигнализирајте ја вашата намера за вртење однапред, но и проверете ги огледалата и мртвите точки.

Бидете сигурни дека нема како да се најдете во непријатна ситуација. Последно но не и помалку важно – бидете внимателни на пешаците и сообраќајот што доаѓа пред вас пред да продолжите.

Паркирање

Сите сме слушнале повеќе смешни и интересни приказни поврзани со паркирањето, зарем не?

Паркирањето е голем предизвик за новите возачи. За него можеме да гарантираме дека е совладливо, но дека си бара голема посветеност и вежбање.

Вежбајте различни техники за паркирање како што се: паралелно паркирање, нормално паркирање помеѓу две коли и паркирање под агол. Нешто на кое што сакаме да го насочите вашето внимание е на позиционирањето. Користете ги постојано ретровизорите и одвојте доволно време за прецизно паркирање.

Колку и да изгледа тешко и напорно, повторете го паркирањето неколку пати. Со самото тоа ќе си создадете рутина да поминувате време вежбајќи.

Вежбајте различни начини на паркирање на почеток на празен паркинг за да ја изградите вашата самодоверба. Ова ќе ви помогне во вашето понатамошно паркирање, каде ќе се соочите со вистински гужви.

Промена на лента

На што најмногу треба да се внимава во текот на едно возење – безбедна промена на лентите. Многу пати сме се соочиле со оваа потешкотија бидејќи возењето во Скопје е навистина тотален хаос.

Обрнете големо внимание на мртвиот агол, и на сите оние тешко видливи точки.
Навремено сигнализирајте ја вашата намера за да ја промените лентата, но пред тоа уверете се дека има доволно простор за изведување на истото пред да продолжите.

Внимнавајте на полните линии, голем број од возачите почетници, грешат токму тука. Но, со тим составен од врвни инструктори секогаш спремни целосно да се посветат на кандидатите, вие сте во сигурни раце. Тие ќе се погрижат овие грешки воопшто да не ги направите.

Изберете ја внимателно автошколата на која сакате да ја дадете вашата доверба и бидете сигурни дека сте далеку од секаков ризик за опасност.

Временски услови

Колку пати ни се случило да заглавиме во сообраќај и огромни колони поради промена на временските услови?

Треба да сме во секој момент спремни за да се прилагодиме на временските услови. Многу е важно да провериме дали временските фактори како што се: дожд, снег или магла во моментот влијаат на нашето управување со моторното возило.

Користете ги правилно вашите брисачи и уверете се дека истите се во беспрекорна функција.

Како е најдобро да се постапи во ваквите непрегледни ситуации?

  • Да ја забавите брзината
  • Да го зголемите растојанието помеѓу возилата
  • Да сте целосно фокусирани на патот
  • Да избегнувате да го користите мобилниот телефон или сѐ она што сметате дека ви го одзема вниманието

Би додале дека потребна е соодветна опрема, постојано достапна.
Доколу температурите се под нулата, препорачуваме секогаш да имате зимски гуми или пак ланци додека патувате надвор од Скопје – при мраз на патот.

Последно, но не и помалку важно е сезонската промена на гумите. Секој од вас, треба да знае во кој период треба да ја изврши таа промена (во зависност од возилото и типот на гуми).

Редовно одржување на возилата

Мудрата мисла вели: Добро одржувано возило е побезбедно возило.

За да се осигурате дека вашето возило е во добра возна состојба и целосно исправно, потребно е да се прават редовни проверки.

Еве на кои работи морате да внимавате при проверка на автомобилот:

  • Притисокот во гумите
  • Нивото на масло во моторот
  • Сопирачките
  • Светлата
  • Брисачите
  • Грејачите
  • Акумулаторот

Доколку правилно го одржувате вашето возило, не само што ја подобрувате безбедноста, туку и целосно го продолжувате животниот век на вашиот автомобил.
Со самото тоа, имате помалку трошоци, и го намалувате ризикот за настанување на поголеми штети.

За да се стане вешт и одговорен возач потребно е многу време, пракса и посветеност. Следејќи ги овие врвни совети за возење, новите возачи можат да ги развијат потребните вештини за да се движат по патиштата самоуверено и безбедно.

Зошто основните техники на возењето се од големо значење, и како да се усовршите на патот да станете искусен возач?

Како за крај, запомнете дека одговорното возење не само што ве заштитува, туку придонесува и за севкупната безбедност на сите оние што го делат патот. Останете фокусирани, бидете трпеливи и уживајте во слободата што доаѓа со одговорното возење.

Со самото разбирање на работата на возилото, сообраќајните правила и знаци, основните маневри како и одбранбените техники на возење, можете многу лесно и едноставно да се движите по патиштата, но и да ја осигурате безбедноста не само на себе, туку и на другите сопатници.

Не заборавајте да вежбате редовно, да бидете внимателни и секогаш да давате приоритет на безбедноста додека сте зад воланот.

Со текот на времето и искуството, ќе станете добар и одговорен возач подготвен да се справи со секое патување и сите предизвици кои тоа патување може да ги донесе.

А ако ги барате најдобрите инструктори за возење со искуство поголемо од 15 години авто школа АС КОКО ви ги обезбедува најдобрите услови за возење како почетник возач, сепак нели најважно е да се чувствувате 100% удобно со вашиот инструктор.

Целта во оваа авто школа не е само да добиете лесно возачка дозвола, туку и да научите да возите. Бидете спремни да стекнете голем број на вештини кои баш вас ќе ве издвојуваат од сите други возачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар