Храбро, разиграно, во боја: dm ја бои оваа есен во шарени бои!

Храбро, разиграно, во боја: dm ја бои оваа есен во шарени бои!

Датум: 04 окт 2023
Тагови:

Со доаѓање на есента не престанува шаренилото од бои, нијанси, слободата во нивното комбинирање и храброста во создавање на нов и смел изглед. Напротив, треба да продолжиме уште посмело во нови предизвици, самоуверено и храбро! Главниот фокус оваа есен во dm дрогериите се токму боите и поттикот да се задржи шаренилото со слоганот: Мојот свет останува шарен. Храбро, разиграно, во боја”. Акцентот е на шаренилото од бои, храброста во креирање нов изглед и фокусот на автентичноста која секој од нас ја носи во себе.

Како дополнително изненадување за да може да ја истакнете вашата убавина, во период од 2.10 до 15.10.2023 односно до истек на залихите, со сметка над 999 мкд за шминки и додатоци за шминкање купени во dm дрогериите, на каса ќе добиете подарок: 3 во 1 четка за шминкање.

Во оваа кампања ќе ве инспирираат: Фросина Ангеловска – @frozi_fran, Миа Арабаџиева – @mia.arabi, Сандра Кирков – @sandra_kirkov и Марија Илиев – @marysejolene. Смелата Фросина, впечатливата Миа, влијателната Сандра, самоуверената Марија, сите посебни и свои ќе ви покажат комбинации од најактуелните бои за оваа есен: viva magenta, silver, gold и red orange, со што dm ги става во фокус смелоста, самодовербата и уникатноста кои лежат во секој од нас.

Најголем дел од трендовите и инспирациите ќе може да ги пронајдете на социјалните мрежи, каде ќе имате можност да се вклучите и вие и да ја покажете вашата креативност во месец октомври. Следете го инста профилот на dm за да ги дознаете сите активности.

Вe очекуваме да ни се придружите и на возбудливиот dm настан што ќе се случи кон крајот на месец октомври, каде ќе имате можност да ги запознаете Фросина, Миа, Сандра и Марија, да ги видите одблизу најактуелните makeup производи, да дегустирате од превкусните и органски dmBio производи, да се забавуваме заедно со DJ, да се фотографираме и дружиме. Ова ќе биде вистинска авантура каде заедно ќе ја истакнеме нашата креативна и смела страна и ќе го направиме светот разнобоен. Вистинско уживање за сите сетила, а за да ги дознаете сите останати детали, следете ги социјалните мрежи на dm!

Ајде да ја ослободиме убавината, да се инспирираме и да бидеме самоуверени во изразување на автентичноста. Шминката е украс на внатрешниот свет, да го изразиме низ боите на есента! Храбро, разиграно, во боја!

Оваа есен светот останува токму таков – шарен, со сите нијанси, како тој внатре, така и тој надвор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар