Наградна игра | Кафе пауза

По повод 6 месеци постоење, Кафе пауза ВЕ НАГРАДУВА со персонализиран астролошки профил. Напишете креативен текст или убава мисла, нацртајте цртеж, направете фотографија или изразете се на свој уметнички начин на темата „Благодарност“ и станете потенцијален добитник на астро-профил креиран според вашиот датум, час и година на раѓање.

Наградна игра на тема „Благодарност’

Праќајте ги вашите предлог-содржини, заедно со потребните податоци и вашиот псевдоним преку нашиот контакт-формулар. Задолжителните полиња се означени со „*“. Пријавувањето оди со пополнување на формата на следнот начин:

  • Име – вашето име и презиме или псевдоним
  • Имејл – вашата валидна имејл адреса на која ќе можеме да ве известиме за резултатите
  • URL до главната слика – линк до вашата слика, цртеж, фотографија што сте ја поставиле на некој сервис (на пр. Flickr, Facebook…)
  • Твојот текст – вашата креативна творба + податоци за вашиот датум, час и година на раѓање

Наградната игра трае до 25 март, кога ќе бидат објавени најдобрите творби. Потоа, вие ќе гласате за да го избереме најдобриот. На 1 април, ќе го прогласиме победникот кој ќе го добие својот персонализиран астролошки профил на имејл.

Забелешка: Испратените содржини мора да се лични. Плагијатите нема да влезат во потесниот избор. Исто така, не може да учествуваат ниту дела кои претходно учествувале на други конкурси и наградни игри.

За сите прашања, можете слободно да не контактирате на admin[@]kafepauza.mk.


 

Дополнување (12.03.2011):

За да ја направиме наградата уште подостапна за сите, сега ви овозможуваме вашите креативни зборови да ги споделите и преку Фејсбук. Па, не чекајте… Како се заблагодарувате? За што сте благодарни? Ви се заблагодарил ли некој на интересен начин?