Сакате да пишувате? – оглас за практиканти | Кафе пауза

Студирате новинарство, англиски јазик или комуникации? Ова е одлична прилика да ги надградите своите вештини пред да се впуштите во „вистинскиот свет“.

Кафе пауза ви нуди можност да реализирате пракса во период од 3 месеци.

Сакате да пишувате? – оглас за практиканти

Потребни квалификации:

  • Втора или трета година на студии по новинарство, англиски јазик и сродни факултети
  • Одлично познавање на англиски и литературен македонски јазик
  • Вештини за користење на интернет: барање извори за пишување, тактики за проверување на информациите…
  • Добро познавање на алатките за уредување текст во MS Word
  • Работа во програма за обработка на слики и уредување содржини на веб (предност)
  • Искуство со одржување профили на социјалните мрежи (предност)

Што треба да направите?

  • Напишете текст (300-400 збора) базиран на извор од интернет на англиски јазик. Во документот, на соодветните места вклучете ги линковите до сите слики кои би ги употребиле (внимавајте на квалитетот и димензиите), како и до сите користени извори на крајот. Избраниот текст не треба да е претходно објавен на македонски сајт.
  • Составете писмо за мотивација. Не држете се до шаблоните за пишување вакви писма. Едноставно кажете ни зошто сакате да бидете избрани и истакнете ги вашите квалитети.
  • Куса биографија (основни информации: возраст, место на живеење, студии…)
  • Извори и содржини. Во посебен документ наведете 5 извори (сајтови) кои би ги користеле како инспирација за пишување и 5 конкретни содржини, односно теми. Потребно е само да ставите линкови.

 Зошто да аплицирате?

  • Ќе добиете можност да соработувате со искусни новинари.
  • Ќе работите за еден од најпопуларните македонски портали.
  • Вашето име ќе биде јавно.
  • Ќе го усовршите пишувањето и англискиот јазик, ќе ги надградите вештините за интернет-истражување, ќе научите фотообработка и уредување содржини на веб.
  • Заради други прилики и придобивки кои ќе произлезат од нашата заедничка соработка.

Огласот ќе биде активен до 1 септември. Сите потребни документи за аплицирање испратете ни ги на admin[at]kafepauza.mk.