Арт на велосипеди – изложба каква што немало досега во Македонија | Кафе пауза

Арт на велосипеди – изложба каква што немало досега во МакедонијаКако и самиот велосипедизам, така и „кастм велосипедизмот“ е начин на живот, можност за персонализација и оставање впечаток. „Кастм велосипедот“ или велосипедот по мерка, освен што нуди можност за прилагодување на рамот по мерка на велосипедистот, нуди и можност за негова персонализација, во смисла на тематски одбрана надградба или негово разубавување.

Од 5-ти септември при настанот Skopje Design Week во Куршумли ан, секој ден по 18 часот имате можност да проследите изложба на арт на велосипеди организирана од „Dragon Custom“. Изложените велосипеди се прилагодени со користење на повеќе техники, меѓу кои и полиран челик, резба, рачно изработени железни украси, стенцил… Изложбата ќе трае до 10-ти септември. Арт на велосипеди – изложба каква што немало досега во Македонија