Кафе пауза има потреба од практикант за дигитален маркетинг | Кафе пауза

 
 
Кафе пауза има потреба од практикант за дигитален маркетинг

Сакаме да ги освежиме нештата во нашиот тим, па затоа решивме да вклучиме нови сили кои ќе ни помогнат да ги оствариме нашите цели за следните 3 месеци. Бараме практикант со кој ќе ги споделиме нашите знаења и заедно ќе го направиме Кафе пауза подобар медиум и подобар бренд.

Вие сте соодветен кандидат доколку:

  • Сте корисник на социјални мрежи кој постојано објавува статуси, коментира и проверува што има ново
  • Вешти сте со разни апликации на вашиот компјутер и ве бива за сурфање
  • Имате желба да ги надградите вашите вештини и да научите како да ги применувате за професионални цели
  • Сакате да работите од дома, во флексибилни услови
  • Знаете да се изразувате креативно и правилно на македонски и добро го разбирате англискиот јазик
  • Имате око за детали

Обврските ќе вклучуваат:

  • Ажурирање на социјалните мрежи
  • Подготовка на њуслетер
  • Креирање видеа
  • Изработка на статистички извештаи
  • Можност за контент маркетинг

Праксата е во времетраење од 3 месеци со можност за продолжување и воспоставување редовна хонорарна соработка. Ова е платена пракса за 4 работни часа на ден.

За да аплицирате, пишете ни на admin[at]kafepauza.mk со subject: Praktikant za DM и кажете ни кои сте, што сте и зошто да ве избереме баш вас. Ако имате CV, пратете ни го и тоа. Бидете спремни на мини онлајн тест доколку влезете во потесен круг. Огласот ќе биде активен до 28.06.2019.