Го сакам Париз | Кафе пауза


Го сакам Париз

sakamknigi.mk ви подарува два примероци

30 земји во светот ја следеа Анџела кога побегна од Лондон во Њујорк со скршено срце бидејќи го фати нејзиниот свршеник додека ја изневеруваше на задното седиште од нивниот автомобил. Потоа, илјадници обожаватели ја следеа во Холивуд каде требаше да интервјуира позната филмска ѕвезда поради која ќе ги изгубеше својата работа, своето момче и визата за Америка. Па… авантурата продолжува натаму, поинтересна од кога било…

Момчето на Анџела, Алекс, добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle. Тоа воедно е шанса за едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот. Но, може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ù ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. Да не имавте некој вибратор внатре, нешто беше сомнително во него?

И како тоа да не е доволно, нејзината надредена од списанието Belle е вистинска КУЧКА која успева да ù упати и до десет навреди во минута. И како тоа да не е доволно, некој сака да ја саботира нејзината важна задача на десетици начини. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria’s Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. Руса коса, долги нозе, размачкан креон, главен вокал и гитарист во секси женски бенд, француски акцент, стан со поглед на Сена… дури и на Анџела ù доаѓа да ù се фрли во скут на Солен.

Но Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.

Ова навистина не е фер. Сè што сакаше Енџи беше да носи беретка, да го држи за рака Алекс додека тој носи црна ролка во француски стил, да се шетаат заљубено покрај Сена, да ја храни со сирење… и секако, да тркне до Шанел. Зарем мораше повторно сè да тргне наопаку?

Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција, сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?

Не се ни сомневам дека ќе дознаете сами во продолжението кое ќе ве насмее колку што не успеаа првиот и вториот дел заедно.

Сите оние кои воведот во оваа приказна ги заинтересира можат да си ја купат книгата во повеќе книжарници или да ја нарачаат на мејл contact@sakamknigi.mk и имаат бесплатна испорака до дома.

Во коментарите очекуваме да ни пишете што би правеле еден ден во Париз. Доделуваме 2 книги за оние кои ќе соберат најмногу лајкови на своите коментари.

*Подарокот може да се подигне секој работен ден, од 10 до 19 часот во Spaiva на ул. Водњанска (веднаш под Галија).