Кафе пауза го проширува тимот. После 4 години работа и активна посветеност на нашите автори, решивме да го збогатиме тимот, а со тоа да ѝ понудиме на нашата публика повеќе оригинални, креативни и разновидни содржини. Нашиот тим го сочинуваат луѓе кои се пред сè вљубеници во пишувањето, а потоа вредни, одговорни и темелни личности.
Доколку сте и вие такви и сакате да ни се придружите, ве покануваме да го сторите тоа преку формуларот подолу.
Што треба да поседувате?
- Треба да знаете добро да се изразувате и да го користите македонскиот литературен јазик.
- Неопходно е да го познавате англискиот јазик на ниво што би ви овозможило превод на различни видови содржини.
- Доколку познавате и други јазици – супер, а ако познавате српски и хрватски, ќе бидете во предност.
- Треба да имате желба да се надградувате и да бидете подготвени да учествувате во обуки кои ќе ви овозможат самите да ги уредувате содржините (стилизирање на текст, обработка на фотографии, вметнување линкови и мултимедија…)
- Пожелно е да имате интерес за водење профили на социјалните мрежи.
- Треба да бидете исполнителни, одговорни и да имате доволно слободно време за да се нафатите да пишувате.
Што ќе добиете?
Ќе добиете можност да станете подобри во пишувањето, да ги усовршите другите јазици, да научите многу за техничкиот аспект на работата и секако, да бидете дел од тим кој го сочинуваат секакви профили на луѓе, но пред сè, новинари и комуниколози.
Кој може да се пријави?
Секој што сака и може да пишува. Ги стимулираме студентите или скоро дипломираните, како и воопшто сите кои имаат желба, талент и време кое би сакале да го посветат на оваа исклучително креативна работа.
Ангажманот на авторите е волонтерски, но постои можност за платено ангажирање, најрано 3 месеци по отпочнувањето со работа.
Огласот ќе биде активен додека не ги пронајдеме вистинските кандидати, но нема да заврши порано од две седмици од објавувањето (14.09.2014). Само кандидатите кои се квалификувани ќе бидат контактирани.