Сакате да пишувате? Пријавете се за АВТОР на порталот Кафе пауза | Кафе пауза

Кафе пауза медија има потреба од креативен и талентиран автор со пола работно време.

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на македонскиот литературен јазик
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик
  • Способност за креативно и стилско изразување
  • Широк спектар на интереси за пишување на теми карактеристични за Кафе пауза
  • Способност за наоѓање квалитетни, релевантни и интересни извори на содржини
  • Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
  • Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
  • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Спремност за флексибилно работно време од 4 часа на ден
  • Брзина, навременост и способност за добро планирање на работниот ден
  • Исполнителност, посветеност, одговорност и желба за пишување
  • Желба за усовршување, надградување и напредување

Вашето CV, заедно со куса порака на македонски јазик (кажете ни нешто креативно и оригинално за себе) и линкови или прилози од два ваши објавени текстови, (доколку имате) испратете ни ги на admin@kafepauza.mk со назнака во subject: Aplikacija za avtor.

Огласот ќе трае до 23 септември, а работниот ангажман започнува од месец октомври. Само соодветните кандидати ќе бидат контактирани по имејл за тестирање и/или интервју.

Со среќа!