Го прошируваме тимот: Бараме автор, веб-програмер и менаџер за продажба | Кафе пауза

 
 

Кафе пауза го проширува тимот отворајќи ги следните хонорарни работни позиции [1], [2], [3]:

1. Автор

Потребни квалификации:
  • Добро изразување и одлично познавање на македонскиот литературен јазик
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик
  • Способност за креативно изразување, превод и пишување авторски текстови
  • Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
  • Широк спектар на интереси за покривање теми од повеќето области на Кафе пауза
  • Способност за наоѓање квалитетни, издржани и интересни извори на содржини (линкови)
  • Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
  • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Можност за фиксно работно време од минимум 6 часа на ден (од дома)
  • Подготвеност за викенд дежурства
  • Брзина, навременост и способност за добро планирање на работниот ден
  • Желба за усовршување, надградување и напредување
  • Исполнителност, посветеност, одговорност и најважно – ЖЕЛБА ЗА ПИШУВАЊЕ!

Вашето CV, заедно со мотивационо писмо (кажете ни што знаете и можете и зошто би сакале да бидете дел од нашиот тим) и линкови или прилози од 2 ваши објавени текстови (доколку имате) испратете ни ги на admin[at]kafepauza.mk со назнака во subject: Aplikacija za avtor.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за учество во вториот круг на селекција. Огласот ќе биде активен минимум 3 недели од денот на објавувањето (до 27 септември), а сè до наоѓањето на најповолниот кандидат.

2. Веб-програмер

Потребни квалификации:
  • Познавање на HTML5 + JS
  • Познавање на PHP (искуство со WordPress ќе се смета за предност)
  • Работа со MySQL
  • Работа со хостинг, имејл и ад сервери
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за самостојна работа и брзо интервенирање
  • Снаодливост, проникливост, амбициозност

Сите заинтересирани кандидати може да го испратат своето CV на admin[at]kafepauza.mk со назнака во subject: Aplikacija za veb-programer.

Огласот не ги исклучува вештите студенти од техничките факултети. Доколку се пронаоѓате, ве охрабруваме да се пријавите.

Условите за работа ќе бидат утврдени во согласност со најповолниот кандидат.

3. Менаџер за продажба

Потребни квалификации:
  • Способност за работа со клиенти – воспоставување и градење деловни односи
  • Способност за координација на продажните циклуси: претпродажба, договори и реализација
  • Запознатост со дигиталниот маркетинг, пазарот и огласувањето на интернет
  • Знаење за подготовка на понуди, договори и извештаи
  • Вештини за развој на креативни и ефективни стратегии за продажба
  • Вештини за разбирање, анализирање и презентирање на статистички податоци
  • Организираност во водењето евиденција и анализа на резултатите
  • Подготвеност за придржување кон воспоставените услови и процедури за продажба
  • Добро познавање на програмите за канцелариско работење и добри интернет вештини
  • Способност за менаџирање на кампањите во координација со другите членови на тимот
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Изразени комуникациски (усни и писмени) и преговарачки вештини
  • Самостојност во работата и мотивираност за остварување профит
  • Упорност и истрајност во остварување на поставените цели во насока на унапредување на продажбата
  • Услови за работа од дома со флексибилно работно време

Испратете ни CV и мотивационо писмо на admin[at]kafepauza.mk со назнака во subject: Мenadzher za prodazhba најдоцна до 27 септември.

На огласот можат да конкурираат како менаџери за продажба со искуство, така и млади ентузијасти со силен натпреварувачки дух.