Eucerin Kids Sun Protection – за сонцето да биде радост, а помалку опасност | Кафе пауза

Сонцето е неопходно во животот. Претставува вистинско задоволство за возрасните и децата. Но тоа е само половина од вистината. Доколку сме невнимателни и често изложени на сонце, тоа може да делува и многу штетно. Нежната детска кожа треба да биде заштитена од штетните УВ зраци, а најдобар начин е со употреба на Еуцерин производите за сонце.

Детската кожа е многу потенка од онаа на возрасните, а природните заштитни механизми не се доволно развиени. Тоа е причина детската кожа да е особено чувствителна во тек на првите три години од животот. Eucerin Kids Sun Protection – за сонцето да биде радост, а помалку опасностДополнително, детската љубопитност и темперамент, желбата за истражување и игра, предизвикуваат поголема изложеност на сонце, на што треба соодветно да се одговори со квалитетната и доверлива Еуцерин детска колекција за заштита од сонце. Самиот факт дека изгорениците во детството причинуваат ризик од рак на кожа во староста, неминовно бара проактивен однос денес, а со цел да се има долгорочно здрава кожа.

Eucerin Kids Sun Protection ЛОСИОНОТ СО МИКРОПИГМЕНТИ СО 25 SPF содржи декспантенол кој ја навлажнува кожата и ја поддржува регенерацијата на клетките, обезбедувајќи заштита за кожата. Овој лосион содржи само физички филтри кои се безбедни и за најнежната бебешка кожа бидејќи остануваат над кожата и во пракса не постои ризик од алергиски реакции на него. Но не заборавајте дека интернационалните препораки се дека бебињата до 6-месечна возраст не е препорачливо да ги носиме на плажа. Од друга страна пак, особено внимателно треба сите да се придржуваме на препораките да го избегнуваме најинтензивното пладневно сонце кое може да доведе до изгореници на кожата и други нејзини оштетувања.

Eucerin Kids Sun Protection – за сонцето да биде радост, а помалку опасност

ДЕТСКИОТ СПРЕЈ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ СО SPF 50 е препорачлив за деца над 1 година. Овие производи не содржат хемиски додатоци за боја и мирис со што е минимизиран ризикот од иритација на кожата. Производите Еуцерин за заштита од сонце на детската кожа се клинички тестирани и соодветни и за деца со атопичен дерматитис и деца склони на алергии.

Дерматолозите го препорачуваат Еуцерин, но истовремено советуваат децата да останат во сенка, да носат гардероба и капчиња на секое изложување на сонце и да пијат доволно течности. Бидете им пример на своите деца. Родителите исто така со своето однесување треба да внимаваат на заштитата од сонцето, бидејќи децата најчесто ги копираат во однесувањето. Охрабрувајте ги децата уште од мали да имаат одговорност кон својата кожа понудувајќи им безбедна заштита со Eucerin Kids Sun Protection.

Повеќе информации на Еуцерин Македонија на Фејсбук.