Проект/Изложба: „FORBIDDEN COLORS“ во „Концепт 37“ | Кафе пауза

Проект/Изложба: „FORBIDDEN COLORS“ во „Концепт 37“На 20 септември, петок, со почеток во 21 часот, во арт кафето „Концепт 37“ ќе се случи отворање на изложбата на македонската млада уметница Анџелика Јорданова која ќе биде сочинета од фотографии, накит и рачно сликани парчиња облека. Изложбата е инспирирана од традиционалната јапонска култура.

„Инспирацијата за оваа колекција е убавината на природата околу мене, во спој со традиционалната јапонска уметност и претставува своевидна рефлексија на мојата духовна состојба. Материјалите кои се користени прават строга референца за Јапонија, безживотните плодови од морето и почвата добија свој уникатен карактер во дела полни со морфолошки лица. Црвената боја е доминантна и има различни симболички значења во јапонската култура како зајдисонце, свето место, ново раѓање и љубов“ – вели за својата изложба Јорданова.

За музичката поддршка на настанот ќе се погрижи Ненад Стефаноски (Foolish Green Music).

Дизајнер на постерите е Анита Палческа.Проект/Изложба: „FORBIDDEN COLORS“ во „Концепт 37“ Проект/Изложба: „FORBIDDEN COLORS“ во „Концепт 37“ Проект/Изложба: „FORBIDDEN COLORS“ во „Концепт 37“