Просветно дело ви го подарува светскиот бестселер „Пустинската зора“ | Кафе пауза

Просветно дело ви го подарува светскиот бестселер „Пустинската зора“Варис Дирие е манекенка, амбасадор на Обединетите нации и жена со нескршлив дух. Родена е во традиционално семејство на пустински номади во Сомалија. Таа ја раскажа својата приказна како на пет години издржала да биде обрежана, како на дванаесет години побегнала од дома низ пустината за да го избегне договорениот брак, како Теренс Донован ја открил додека во Лондон работела како чистачка и конечно, како станала врвна манекенка. Сето ова таа го раскажува во светскиот бестселер „Пустинскиот цвет“.

Макар што Варис Дирие ја напуштила својата татковина, никогаш не ја заборавила земјата и културата во која израснала. Светот во кој владеат гладот и насилството и во кој жените немаат никакво право – тој ист свет кој речиси ја уништил, истовремено ја направил способна да опстане.

Таа сега ги следи корените на својата храброст, издржливост и хумор наназад сѐ до Сомалија, а посебно до својата мајка. Пустинската зора е приказна за враќањето и за сведоштвото за неоспорниот факт дека нешто може искрено да се сака, но, сепак, да не се сака тоа што го карактеризира. Пустинската зора е приказна за враќањето дома.

Просветно дело наградува двајца посетители на Кафе пауза со книгата „Пустинската зора“.

Наградната игра ќе трае до 1 јули, а за учество треба да го оставите само вашето име и презиме во комбинација со каков било коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.


Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!

Просветно дело ви го подарува светскиот бестселер „Пустинската зора“Просветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.