Инспирација и мотивација | Кафе пауза

Инспирација и мотивација

„Нека не ве притискаат проблемите, нека ве водат соништата.“

„Жените се како вреќички чај. Никогаш не знаете колку се силни сѐ додека не ги попарите.“

„Оној кој размислува позитивно го гледа невидливото, го допира недопирливото и успева во невозможното.“

„Напред секогаш има подобри нешта од оние што ги оставаме зад нас.“

„Грижата нема да го спречи случувањето на лошите нешта, туку само ќе ве спречи да уживате во добрите.“

„Не откажувајте се. Вообичаено, последниот клуч од обрачот е оној кој ја отвора вратата.“

„Верувај дека кога одговорот е ‘не’, на патот те чека едно подобро ‘да’.“

„Повишете ги вашите зборови наместо вашиот глас. Цвеќињата растат од дождот не од грмотевиците.“

„Нема толку убаво изгрејсонце што може да ме натера да станам за да го видам.“ – Минди Кејлинг

„Од очајот доаѓаат најдлабоките задоволства, особено кога е човек крајно свесен за безнадежноста на својата состојба.“ – Ф. М. Достоевски

„Стапала, што ќе ми сте кога имам крила да летам?“ – Фрида Кало

„Сакам да спијам затоа што тоа е како временска машина до појадокот.“

„Кога се сомневате во вашата моќ му давате моќ на сомнежот.“

„Решавањето на проблемот со сиромаштијата од страна на владата е исто како да очекувате еден тутунски комбинат да започне агресивна антипушачка кампања.“ – Стефан Молино

„Убавината е истовремено и таинствена и ужасна. Господ и ѓаволот таму се борат, а бојното поле е срцето на човекот.“ – Ф. М. Достоевски

„Простете им на другите, не затоа што заслужуваат прошка, туку затоа што вие заслужувате мир.“

„Оној којшто не е способен да им служи на своите сограѓани сака да владее со нив.“ – Лудвиг вон Мизес

„Би сакала да ти дадам сè што никогаш си немал, но дури ни тогаш не би знаел колку е убаво што те сакам.“ – Фрида Кало

„Порано пиев затоа што сакав да ја удавам мојата тага. Но сега проклетата научи како да плива.“ – Фрида Кало

„Ако сакаш да го оствариш неостварливиот сон, оди легни си.“ – Џоан Клемпнер

„Никогаш не проси го она што имаш моќ да го заработиш.“ – Мигел Де Сервантес

„Ако ги ограничиш твоите избори само на она што изгледа возможно или логично, се одделуваш од она што навистина го сакаш и сè што ти останува е компромис.“ – Анаис Нин

„Главата горе. Никој не очекува дека треба да го спасиш светот, инаку би бил роден со наметка и хеланки. Само прави го најдоброто што можеш.“

„Извинувањето секогаш не значи дека не си во право, туку само дека ги цениш врските повеќе од сопственото его.“

„Ако се фокусираш на проблемите ќе имаш повеќе проблеми, ако се фокусираш на можностите ќе имаш повеќе можности.“

„Единствената личност со која треба да се натпреваруваш е личноста која беше вчера.“

„Ако не тргнеш по она што го сакаш, никогаш нема да го имаш. Ако не прашаш, одговорот секогаш ќе биде не. Ако не направиш чекор напред, секогаш ќе бидеш на истото место.“ – Нора Робертс

„Никогаш не престанувај да го даваш најдоброто од себе само затоа што некој не ти дава признание за сработеното.“

„И скршените боички сепак бојат.“

„Нашето најмоќно оружје против стресот е способноста да се одбере една мисла наместо друга.“ – Вилијам Џејмс