Eucerin EVEN BRIGHTER Clinical колекција – за посветла и посјајна кожа | Кафе пауза

Секоја жена посакува убава и здрава кожа, која блеска со природен сјај. Беспрекорно лице, деколте и раце со рамномерен тен, се мечта на секоја жена и основа на личната самодоверба. Меѓутоа, поради различни причини, меѓу кои и интензивното УВ зрачење, многу жени денеска се соочуваат со нарушувања во пигментацијата, предизвикани од прекумерното лачење на меланин. Научниците од истражувачкиот центар на Баерсдорф во Хамбург долго време го истражуваа овој проблем, тестирајќи ја активната состојка за осветлување B-Resorcinol, која даде одлични резултати. Токму таа е клучната состојка на новата иновативна колекција од Еуцерин – EVEN BRIGHTER CLINICAL, која ја спојува ефикасната заштита и нега на кожата, овозможувајќи прекрасна и мазна кожа со рамномерен тен.Eucerin EVEN BRIGHTER Clinical колекција – за посветла и посјајна кожаИстражувањата покажуваат дека една од три жени над 40 години страда од хиперпигментација, а се почесто од вакви нарушувања страдаат и помладите жени. Одредени хормонални влијанија, повреди, генетски фактори, болести и стареењето, доведуваат до појава на хиперпигментација или темни дамки. Колекцијата EVEN BRIGHTER е дерматолошки тестирана и докажано е дека влијае за порамномерен и посјаен тен, по само 4 недели од редовна употреба.

Колекцијата EVEN BRIGHTER се состои од дневна и ноќна крема, серум-концентрат и коректор на дамки, специјално креирани за потребите на потрошувачите.

Eucerin EVEN BRIGHTER дневната крема е клинички и дерматолошки испитана крема, која докажано ги намалува темните дамки и го изедначува тенот на кожата. Активната состојка B-Resorcinol, помага во намалување на излачувањето на меланин и појавата на хиперпигментација, а во нејзиниот состав има и глицирхетинска киселина која го стимулира сопствениот регенеративен процес на кожата. Со висока СПФ 30 и УВА заштита, оваа крема ефективно ја заштитува кожата од понатамошно оштетување предизвикано од сонцето и нарушувања во пигментацијата, а кожата станува видливо посветла и со рамномерен тен по само 4 недели од употребата.

Eucerin EVEN BRIGHTER ноќната крема е регенеративна хранлива крема, збогатена со моќната состојка – декспантенол, која овозможува интензивна хидратација на кожата, истовремено забрзувајќи го ноќниот процес на регенерација на кожата. Кремата не е мрсна, лесно се нанесува и брзо се апсорбира, содржи нежен мирис и е погодна за сите типови кожа.Eucerin EVEN BRIGHTER Clinical колекција – за посветла и посјајна кожаEucerin EVEN BRIGHTER серум концентратот интензивно го осветлува тенот и ги намалува темните дамки. Содржи висока концентрација на B-Resorcinol, а истовремено претставува и нежно средство за секојдневна употреба. Се состои од 6 индивидуални ампули, а секоја од нив е наменета за третман од една недела. Се употребува како серум под дневната крема, а е компатибилен е за сите типови на кожа и секоја боја на кожа.

Eucerin EVEN BRIGHTER коректорот на дамки е наменет за прецизен третман на местата со хиперпигментација. Ова нежно средство кое е погодно за секојдневна употреба, брзо се апсорбира во кожата и се нанесува директно на загрозените места, а резултатот е рамномерен и сјаен тен по само 4 недели од употребата!

Колекцијата EVEN BRIGHTER исто така може да се употребува на рацете, дланките, градите или пак на било кое место каде што можат да се појават флеки, пеги и темни дамки.

Редовно употребувајте ја Eucerin EVEN BRIGHTER колекцијата и чувствувајте се пријатно во својата кожа!