Просветно дело ја подарува книгата „Бисерни солзи“ од Таша Александер | Кафе пауза

Просветно дело ја подарува книгата „Бисерни солзи“ од Таша АлександерМеѓу убавината и декаденцијата на Отоманското царство, авантурата на леди Емили е проткаена со интриги, измами и романса.

Со копнеж очекувајќи ја радоста на брачниот занос, тукушто венчаните Емили и Колин Харгрејвс, дипломати на Британската империја, тргнуваат на егзотичен меден месец во Турција. Меѓутоа, веќе првата ноќ во Константинопол, една девојка е убиена од Харемот – задавена е во дворот на раскошната палата Топкапи.

Сер Ричард Сент Клер, Англичанецот кој работи во амбасадата во Константинопол, сфаќа дека убиената девојка, всушност е неговата ќерка која е киднапирана пред дваесет години. Емили и Колин му ветуваат на скршениот татко дека ќе го пронајдат убиецот, но како што напредува нивната истрага, тие сфаќаат дека сè не е така како што изгледа – посебно меѓу таинствените ѕидови на сарајот, во забранетиот свет на харемот.

Просветно дело наградува двајца посетители на Кафе пауза со книгата „Бисерни солзи“.

Наградната игра ќе трае до 18 јули, а за учество треба да го оставите само вашето име и презиме во комбинација со каков било коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.


Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!

Просветно дело ви го подарува светскиот бестселер „Пустинската зора“Просветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.