Култниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦ | Кафе пауза

Култниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦExodus се треш метал бенд од Америка. Оформени се во далечната 1980 година во Ричмонд, Калифорнија. Триесетгодишното опстојување на бендот е пропратено со многу измени во составот. Освен членовите кои го напуштиле бендот, има такви кои и по напуштањето повторно се враќаат во него. Единствен член кој се појавува на сите нивни изданија е гитаристот Gary Holt.

Во нивната триесет годишна кариера имаат вкупно десет албуми (од кои еден отпаѓа на преснимувањето и повторното издавање на нивниот прв албум „Bonded by blod“), што и не е така импресивна бројка.

Нешто што би можело да биде интересно и за оние кои не се толку вовлечени во светската метал сцена е членувањето на Kirk Hammett (гитаристот на Metallica) во бендот. Тој учествува во создавањето на бендот, во 1980 година, но во него се задржува неполни две години, кога е повикан да свири гитара во Metallica.Култниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦExodus најчесто пишуваат за американската реалност, односно критички ја обработуваат во нивните текстови, како и за нивните жестоки антирелигиски ставови кои најексплицитно беа вметнати во нивните два концептуални албуми: The Atrocity Exhibition… Exhibit A и Exhibit B: The Human Condition.Култниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦСите оние кои се ложат на одличен треш метал (без разлика дали ги слушале Exodus или не), треба само да стапнат во МКЦ на 10 јули во 20 часот.Култниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦКако концертна поддршка ќе настапат и грчките треш-металци Suicidal Angels, како и скопскиот кросовер-треш метал бенд Last Act of Defiance!!!

Let there be blood!Култниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦКултниот метал бенд Exodus во Скопје на 10 јули во МКЦ

Автор на текстот: Александар Кузмановски