Светот на танцот: Неверојатен настан со најталентираните танчари што некогаш сте ги виделе

Светот на танцот (World of Dance) е американско шоу за натпревар меѓу танчари. Водителката на овој настан е Џена Деван Татум, а режисерот – Џенифер Лопез. Па зарем има подобра комбинација? Шоуто вклучува танцови перформанси, од кои дел се соло настапи, а дел групни кореографии од сите стилови, а главната награда е 1 милион долари.

Светот на танцот: Неверојатен настан со најталентираните танчари што некогаш сте ги виделе

Со оглед на тоа што станува збор за шоу со високи стандарди, учествуваат само навистина талентираните танчари, па поради тоа е и толку успешно и неверојатно за гледање. Нивните кореографии оставаат без зборови и едноставно ве мотивираат да станете од каучот, да пуштите гласна музика и да му дозволите на ритамот да ви ги контролира сите мускули на телото. Не ни верувате? Погледнете ја оваа соло аудиција!

Дијана Помбо е толку малечка, а со толку голем жар во неа, што нема да ви се верува дека гледате во реален перфоманс. Таа е толку неверојатна, што дури и Џенифер Лопез ќе ја остави без зборови. Не ви беше доволно? Погледнете го и следното видео со популарните близнаци танчари од Франција!

Тие веќе имаат одредена онлајн репутација, со својот канал на Јутјуб, но со оглед на тоа колку е висока конкуренцијата на ова шоу, овој пат дадоа и повеќе од тоа што го имаат. Нивните движења се толку синхронизирани и неверојатни, што на момент ќе ви делува како да се контролирани од нешто вонземно!

И за крај, споделуваме уште едно видео со вас, кое ќе ве направи носталгични за прегратката на партнерот. Брачниот пар Киони и Мари се познати по својата кореографија во спотот за песната „Love Yourself“ на Џастин Бибер, но овој пат ни покажуваат една сосема нова и разиграна страна што ќе ве наполни со енергија!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар