ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

ТВ серија за 5 тинејџери чии животи одеднаш ќе се поврзат поради фаталната клетва која долго време го демне градот Рејвенсвуд….

ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood) Главни улоги: Никол Андерсон, Тајлер Блекбрн, Бритни Олдфорд, Брет Даер, Мерит Петерсон, Стивен Кабрал, Мег Фостер

Жанр: драма, хорор

Креатори: Оливер Голдстикс, Џозеф Доерти, И. Марлин Кинг

Премиера: 22 октомври 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (27 гласа, просек: 9.52 од 10)

Loading...Loading...

Дејството започнува во автобус кој патува накај градот Рејвенсвуд. Во него се возат двајца тинејџери на 17-годишна возраст, Миранда (Никол Андерсон) и Кејлеб (Тајлер Блекбрн). Тие се запознале претходната вечер преку девојката на Кејлеб, Хана, која го замолила да не ја остава Миранда да оди сама во град каде што жителите прават забави на гробишта.

ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

Миранда патува накај Рејвенсвуд бидејќи сака да го запознае својот единствен жив роднина, Рејмонд Колинс (Стивен Кабрал) и да дознае зошто тој дозволил таа да расте со странци наместо со него. Таа и Кејлеб вечерта пристигнуваат во градот, но и покрај тоа што не се луѓе кои лесно се плашат, она што таму ќе го видат многу ќе ги вознемири. Барајќи го Рејмонд, чија куќа се наоѓа веднаш покрај гробиштата, тие ќе налетаат на надгробни плочи на кои ги има нивните имиња и фотографии. Исплашени и збунети, тие почнуваат да истражуваат надевајќи се дека сè ова е само некоја бизарна случајност која би можела да му се случи на секого.

ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

Нивната потрага ќе ги доведе до неколку збунувачки, но истовремено и неверојатни откритија. Историјата на Рејвенсвуд е преполна со трагедии и страдања, а жителите од околните градови тврдат дека тој е проколнат. Но, ништо нема да има смисла сè додека не се случи страшна несреќа која ќе ги спои животите на 5 тинејџери од овој град. Миранда, Кејлеб, Реми (Бритни Олдфорд) и близнаците Лук (Брет Даер) и Оливија (Мерит Петерсон) ќе мора да навлезат длабоко во историјата на Рејвенсвуд, и пред да биде предоцна, да ја откријат клетвата која со години владее низ градот и да најдат начин како да ја победат и да се спасат себеси од сигурна смрт.

ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood) ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

Градот Рејвенсвуд се наоѓа во близина на градот Роузвуд каде што се одвива дејството од ТВ серијата „Убави мали лажливки“. Овие две серии се спојуваат преку девојката на Кејлеб, Хана (Ешли Бенсон). И покрај тоа што не може да се каже дека приказната во „Рејвенсвуд“ е нешто досега невидено и необично, сепак доколку сте љубители на мистерии и паранормални случувања, оваа ТВ серија може да ви биде интересно и на моменти застрашувачко бегство од реалноста.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар