Мистериозен пловечки остров кој сè уште се истражува

Мистериозен пловечки остров кој сè уште се истражува

El Ojo, познат и како Островот на очите или Кружниот остров, е мистериозен пловечки остров кој се наоѓа во делтата на реката Парана во североисточна Аргентина. Островот, со дијаметар од околу 120 метри, е речиси совршено кружен по форма и е специфичен по неговата континуирана ротација околу својата оска.

Мистериозен пловечки остров кој сè уште се истражува

Случајно откритие

Островот бил откриен во 2016 година од аргентински режисер Серхио Нојспилер кој барал локација за неговиот филм со паранормална тематика. Откако се вратил на истото место, увидел дека позицијата на островот е сменета, а тоа го потврдиле и сателитските снимки на Google земени во различни времиња. Снимките покажале и дека островот постои во делтата на реката Парана дваесет години, од 2003 година.

Пловечките острови можат да се најдат насекаде. Вообичаено е таквите острови да се движат, т.е. ветерот да ги придвижува напред-назад. Во езерото Титикака, на пример, племето Уру е населено во група од 120 вакви пловечки острови, но тие мора постојано да се одржуваат поради нивната деликатна и нестабилна структура. Меѓутоа, за разлика од нив, овој остров е цврст и компактен.

Науката нема одговор

Можно е овој остров да е всушност скршено парче земја чија ротација го предизвикала она што научно се нарекува ротационо „измолкнување“. Но, оваа теорија не може да објасни зошто почвата на островот е толку цврста во споредба со меката, мочурлива средина.

Сепак, и покрај шпекулациите дека е тајна нацистичка база или скривалиште на НЛО, во секој случај El Ojo е секако едно од најмистериозните и најфасцинантните места во целиот свет.

Откако прочитавте за овој мистериозен остров, можеби ќе сакате да прочитате и за Мон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар