Инспиративни цитати за животот кои ќе ви дадат надеж и сила да продолжите понатаму!

Инспиративни цитати за животот кои ќе ви дадат надеж и сила да продолжите понатаму!

Невозможно е да се игнорираат некои цитати, особено оние кои нè инспирираат, нè поттикнуваат да размислуваме или да се насмееме. Тие, исто така, ни даваат надеж и ни помагаат да се ослободиме од илузиите…

Инспиративни цитати за животот кои ќе ви дадат надеж и сила да продолжите понатаму!

„Вашиот ум се програмира. И ако не го програмирате вие самите, ќе го направи некој друг.“ – Џереми Хамонд

„Луѓето се како книги: буквите се исти, но содржината е различна.“ – Ги де Мопасан

„Не треба да ја мешате добрината со слабост, грубоста со силата и подлоста со способноста за живеење.“ – Ги де Мопасан

„Нека во вашето срце постојано тлее помислата дека секој ден е најдобар во годината.“ – Ралф Валдо Емерсон

„Понекогаш треба да трчате за да видите кој ќе трча по вас. Понекогаш треба да зборувате потивко за да видите кој навистина слуша. Понекогаш треба да направите чекор назад за да видите кој е сè уште на ваша страна. Понекогаш треба да направите лоши одлуки за да видите кој е до вас кога сè ќе се распадне. Понекогаш треба да се ослободите од некој што го сакате, само за да видите дали ве сака доволно за да му се вратите!“ – Пауло Коелјо.

„Каде што умира надежта, се појавува празнината.“ – Леонардо да Винчи

„Забележав дека дури и луѓето кои тврдат дека сè е однапред одредено и дека не можеме ништо да промениме, секогаш гледаат на двете страни кога го поминуваат патот.“ – Стивен Хокинг

„Ако имате личност на која можете да ѝ ги кажете своите соништа, немате право да се чувствувате осамено.“ – Фаина Рањевскаја

„Вистинските наставници се гледаат себеси како мост по кој ги повикуваат своите ученици да одат. А потоа, носејќи го ученикот на другата страна, тие радосно ги уриваат овие мостови, охрабрувајќи ги да создадат свои.“ – Никос Казанѕакис

„Ако правите нешто убаво и возвишено и никој не го забележува, не грижете се: изгрејсонцето е генерално најубавата глетка на светот, но повеќето луѓе сè уште спијат во тоа време.“ – Џон Ленон

„Бидете љубезни цел ден кон сите околу вас и ќе откриете дека веќе сте во рајот.“ – Џек Керуак

„Бидете тивки. Погледнете ги ѕвездите и бидете благодарни за фактот дека сте живи.“ – Бернард Вербер

„Сè што научив за животот може да се сумира во три збора: животот продолжува понатаму.“ – Роберт Фрост

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 9 цитати кои ќе направат да се чувствувате непобедливо.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар