ТВ серија: Остров (The I-Land)

ТВ серија: Остров (The I-Land)

10 луѓе се будат на остров без никакво сеќавање. Решени да го пронајдат патот до дома, тие откриваат дека нештата воопшто не се онака како што изгледаат.

Главни улоги: Натали Мартинез, Кејт Босворт, Роналд Пит

Жанр: авантура, драма, мистерија

Креатор: Антони Салтцер

Премиера: 12 септември 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за кратка, лимитирана ТВ серија која раскажува мистериозна приказна за група луѓе кои ќе се разбудат на остров. Тие ги отвораат очите на рајско место, без да знаат како се нашле таму, ниту пак кои се. Изгледа дека сите страдаат од амнезија. Со оглед на тоа дека се облечени исто, дека не се повредени и дека нема никаков расфрлан багаж околу нив, лесно може да се заклучи дека тие не доживеале бродолом туку дека најверојатно некој ги донел таму. Но, зошто?

Со оглед на тоа што има само неколку снимени епизоди, дејството многу брзо се развива. Штом се постави прашање, скоро инстантно се добива одговор, но тој одговор пак, отвора барем три нови прашања. Главните ликови брзо ќе откријат дека островот воопшто не е рај како што изгледа и дека е полн со опасности и мистерии. Тие ќе мора да работат заедно да за сфатат што се случува, но и да ги надминат своите внатрешни пориви кои не секогаш ги покажуваат во најдобро светло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар