5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено

5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено

Сериите честопати се извор на инспирација, но и утеха што на сите понекогаш им е потребна во тешките и чудни периоди од животот. Ликовите со кои можете да се идентификувате и во кои можете да ги видите вашите сопствени пријатели, вашите проблеми и предизвиците со кои се соочувате во животот, секогаш се добар потсетник дека сè може да се реши. Ако ви треба некој што деновиве ќе ви каже дека сè ќе биде добро, со овие ликови можете да се смеете, да плачете и да се поврзете. Во нивните проблеми ќе ги пронајдете вашите, а нивните решенија и нивната снаодливост ќе ве охрабрат да направите промени во вашиот сопствен живот.

„Утрото ќе промени сè“ („Jutro će promijeniti sve“)

Ако сакате да се потсетите на сопствените неуспеси, љубов, ситуации што ве болат и ситуации од кои сте научиле нешто, ова е вистинската серија за вас. Ако го сакате животот онаков каков што е навистина, со сите свои убавини и гадости, ова е серија за вас. Ако во моментот сте во период кога ви е тешко да ја препознаете личноста што ја гледате во огледало, оваа серија ќе ви каже дека животот понекогаш е страшно непредвидлив и тежок, но исто така ќе ви даде надеж за подобро утре бидејќи утрото навистина може да промени сè.

„Широк град“ („Broad City“)

Илана и Аби се разликуваат од сите женски ликови што досега сте ги сретнале во сериите и во филмовите. Нивниот живот во Њујорк не е обоен со гламур, а нивните проблеми се необични и неверојатно смешни. Ова е малку поинаква серија за растењето, врските и пријателствата. Ако сакате да се смеете гласно и да го гледате светот од друга перспектива, оваа серија ќе ви го овозможи тоа.

„Транспарентен“ („Transparent“)

„Транспарентен“ е серија за растењето на цели семејства чии членови, иако се веќе возрасни, треба да започнат од нула. Причината за ова е признанието на таткото и главата на семејството за својата трансродовост. Откако Морт ќе стане Мури, целото семејство треба да се приспособи и да научи да живее со тоа.

„Флибег“ („Fleabag“)

На моменти, оваа серија е многу болна за гледање. Нејзините херои се изгубени, несреќни и тажни. Главната хероина, Флибег, која се губи во времето и во просторот трагајќи по себе, ќе стане вашата најдобра пријателка. Целосно скршена, ги собира своите остатоци на погрешен начин. Се лекува со алкохол, со бесмислени врски што секогаш завршуваат трагично и со секс што никогаш не решава ништо. Нејзината приказна е многу тешка, а нејзините проблеми од минатото се огромни. Но, Флибег е дефинитивно лик со кој ќе можете да се поврзете. Иако се снимени само две сезони, вреди да се погледне оваа серија.

„Ти си најлошото“ („You’re The Worst“)

Оваа серија ги прикажува љубовта и заедничкиот живот на две токсични, асоцијални личности кои одбиваат да се поврзат и кои имаат проблеми со себе и со своето ментално здравје. Серијата совршено ги покажува последиците што одредени психолошки проблеми ги имаат врз врската. Прифаќањето, растот, созревањето и борбата обоени со љубов и врвен хумор ќе ве импресионираат, а Гретчен и Џими ќе ви станат омилениот љубовен пар од малите екрани.

Погледнете ги овие нови семејни филмови кои ќе можете да ги гледате оваа пролет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар