5 серии со фантастични приказни чии ликови ќе ви одржат лекции за љубовта, животот и пријателството

Сите понекогаш сакаме да се изгубиме во приказните што не се наши и со ликовите што не ги познаваме и со кои можеме да се поврземе и да се поистоветуваме. Без разлика дали овие светови се блиски до вашиот или се збир на сите оние волшебни работи за кои читате во бајките, ќе се согласите дека излезот од вашата реалност понекогаш е многу потребен. Ако сакате да се изгубите во фантастичните приказни и да заборавите на сè што се случува околу вас, овие пет серии ќе ви помогнат во тоа.

1. „Нормални луѓе“ („Normal People“)

Ако сакате љубовни приказни кои ја прикажуваат реалноста и сите оние комплицирани чувства што ги носи љубовната врска сама по себе, серијата „Нормални луѓе“ ќе биде една од вашите омилени. Снимена според истоимената книга, приказната ги следи Конел и Мериен, кои доаѓаат од сосема различни светови кои се совпаѓаат сосема случајно. Мериен потекнува од богато семејство, а Конел е омилено дете на училиште, чија мајка работи како чистачка во семејната куќа на Мериен. Но, и покрај сите надворешни и површни разлики, Мериен и Конел имаат нешто слично што ги привлекува една кон друга. Нивната љубовна приказна започнува во средно училиште и продолжува и на факултет и понатаму. Комплицирана, на моменти болна, сурово реална и неизмерно убава – оваа приказна ја опишува љубовта со сите нејзини лица. Обоена со прекрасна музика, спротивставени природни убавини и опипливи сексуални сцени, оваа серија нема да ве плени само со својата приказна и со ликови.

2. „Неговите темни материјали“ („His dark Materials“)

Ако сте љубител на фантазијата, оваа серија ќе ви овозможи совршено бегство од реалноста. Снимена по истоимената трилогија на Филип Пулман, серијата дава детален и интересен приказ на испреплетените светови и на малата хероина Лира која, иако расте во лага, во себе носи голема вистина што ќе промени сè што возрасните не можат. Иако во срцето на целата приказна е нејзината мисија, серијата е исткаена од еден куп приказни во кои сигурно ќе најдете сè што е скриено во нашиот свет. Меѓу другото, има алчни возрасни луѓе и нивната желба за моќ што ги прави да бидат подготвени на сè. Но, наспроти нив стојат деца со огромно срце и возрасни кои одат по нивните стапки, така што во борбата против доброто и злото, доброто сепак победува.

3. „Во потрага по Алјаска“ („Looking for Alaska“)

Оваа серија е снимена според истоимениот роман на познатиот Џон Грин. Во срцето на оваа приказна се неколку средношколци, предводени од убавата Алјаска Јанг. Нивните животи се сведени на читање книги и „борба“ со богатите ученици од интернатот, што им е единствениот дом и на повремено пиење и откривање на сè што средношколците допрва треба да откриваат. Алјаска е паметна, убава, начитана, храбра, но со себе го носи целиот товар на животот што го оставила дома и на кој не сака да му се врати. Мајлс, кој доаѓа во интернатот последен, има посебен однос со Алјаска кога за време на празниците остануваат сами во интернатот и тука започнува вистинската авантура. Оваа приказна ќе ве врати во средношколските денови, ќе ве забавува и ќе ве потсети на приказните што сте ги оставиле далеку зад вас. Сепак, оваа приказна ќе ве скрши. Подгответе марамчиња.

4. „Руска кукла“ („Russian Doll“)

Ако ви треба бегство од реалноста во реалност која не е далеку од нашата, но која сепак содржи парче од фантастичното и од магичното, „Руска кукла“ е идеалната серија за вас. Приказната ја следи ексцентричната и посебна Надја Вулвоков, која од епизода во епизода постојано умира и повторно се раѓа. Обидувајќи се да открие која е целта на нејзините постојани воскреснувања, Надја се среќава со Алан, кому му се случува истото. На нивниот пат кон вистината и самореализацијата, со одличен звучен запис, цинични реченици, добар хумор и малку мрачна глетка, ќе се забавувате, но и ќе се запрашате за многу работи за животот и за правилниот (или погрешен) начин на кој ги користиме нашите денови.

5. „Методот на Комински“ („The Kominsky Method“)

Факт е дека сите сакаме да гледаме серии чии протагонисти се млади перспективни луѓе полни со надеж, животни можности и амбиции кои во секој момент ќе се претворат во трофеи на нивната работа. Но, постојат и приказни од староста, што содржат мудрост која едноставно не може да се најде кај еден млад човек. Таква е приказната за Норман и Сенди, долгогодишни пријатели кои се соочуваат со староста која е исполнета со смеа, чудни приказни и повремено враќање во минатото за да извлечат лекции што ќе им служат во сегашноста. Оваа забавна и привлечна приказна ќе ви даде нов вовед во староста и ќе ви одговори на прашања што ќе ги си ги поставите понатаму во животот.

Погледнете ги овие неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар