Дали знаете сè за познатите личности? Овие факти може да ве изненадат!

За познатите личности секојдневно читаме во весниците, на интернет порталите и на разни други места, но сепак постојат неколку интересни факти кои можеби досега не сте ги знаеле за нив. Кога ќе ги видите можеби помислувате дека се од друга планета, но и тие се луѓе како нас, луѓе кои имаат вистинска љубов, летување со пријателите, секојдневни навики. Ова се 13 интересни факти за нив.

"The Model As Muse: Embodying Fashion" Costume Institute Gala - Arrivals

1. Оливија Вајлд во еден момент била принцеза. Всушност, симпатичната актерка била во брак со италијанскиот принц Тао Русполија.

2. Бабата на Кара Делавињ била дворска дама на англиската принцеза Маргарет, а познатата актерка Џоан Колинс е нејзина кума.

3. Рајан Гослинг и Сандра Булок, пред 13 години, биле во врска една година. Рајан покасно изјавил дека таа можеби била најдобрата врска што ја имал дотогаш, покрај онаа со Рејчел Мекадамс.

4. Тејлор Свифт напишала роман од 350 страници, но никогаш не го објавила.

5. Џенифер Гарнер не смеела да носи шминка ниту бикини сè додека не наполнила 16 години.

6. Природната боја на коса на Кристен Стујард е руса. За потребите на серијалот „Самрак“ таа ја бојадисала косата во костенлива.

7. Викторија Бекам собира кристали и има обичај да ги поставува низ домот и канцеларијата за да создаде позитивна енергија.

8. Вистинското име на Натали Портман е Натали Хершлаг.

9. Ким Кардашијан го прославила својот 14-ти роденден на имотот „Неверленд“ кој му припаѓаше на Мајкл Џексон.

10. Вера Ванг е тетка на актерката Еми Росум.

11. Гвен Стефани пред да се омажи за Гавин Росдал, имала само една врска и тоа со колегата од бендот „No Doubt“, Тони Канал.

12. Вистинското име на Џенифер Анистон е Џенифер Анатасакис.

13. Ана Винтур својата препознатлива боб фризура ја носи од својата 14-та година. Ако правилно пресметате, ќе сфатите дека истата фризура ја носи скоро 50 години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар