Убави мали лажливки (Pretty Little Liars)

Сподели

Приказна за лагата, стравот, заканите и мистеријата кои стануваат дел од секојдневието на 4 тинејџерки

Убави мали лажливкиГлавни ликови: Тројан Белисарио, Ешли Бенсон, Холи Мери Комбс, Луси Хејл, Шеј Мичел, Ијан Хардинг…

Креатор: Норман Бакли

Сценарист: Марлин Кинг

Жанр: драма, мистерија, трилер

Времетраење: 42 мин

Премиера: 8 јуни 2010

Јазик: англиски

Број на сезони: 1 (во тек)

Наша оценка: 8

Вашата оценка:: 1 Star2 Stars3 Stars4 Stars5 Stars6 Stars7 Stars8 Stars9 Stars10 Stars (13 гласа, просек: 9.46 од 10)

Loading ... Loading ...


Кога ќе почнете да ја гледате ТВ серијата „Убави мали лажливки“, најверојатно ќе помислите дека станува збор за уште една тинејџерска серија со еден куп љубовни сплетки и интриги, а во центарот на вниманието во училиштето се петте секси другарки. Но, првиот впечаток може да биде погрешен нели? Режисерот на „Озборувачка“ (Gossip Girl) повторно пријатно ќе ве изненади со сосема различен жанр на тинејџерска серија. Во ова сценарио нема ништо наивно, детско или плитко. Роузвуд е перфектно, мало, тивко гратче, во кое никогаш не би претпоставиле дека можат да се кријат толку многу тајни. Најтешките и најмрачни тајни им припаѓаат токму на овие 5 најубави девојки во градот. Едната од нив исчезнува и во тој момент нивните животи почнуваат да заземаат сосема нов правец.


Приказна: Серијата започнува во една куќа во која се собрани петте најдобри другарки Алисон, Спенсер, Хана, Арија и Емили каде пијат алкохол доцна навечер. Тогаш Алисон која е „кралица“ во друштвото, мистериозно исчезнува. Таа оди да се прошета малку на воздух, излегува и Спенсер, но се враќа назад сама, исплашено кажувајќи им на останатите другарки дека Али исчезнала и дека слушнала врисок кој доаѓал од длабоката темнина.

Алисон: „Пријателите меѓусебно си ги споделуваат тајните. Тоа е она што не прави блиски.“

Исчезнувањето на Алисон ги разединува четирите другарки, а после една година нејзиното тело е пронајдено во куќата во која што таа живеела. Смртта на Алисон го потресува целиот град, а особено нејзините другарки, на кои почнуваат да им стигнуваат заканувачки СМС-пораки од испраќач потипшан  со буквата „А“.

А: „Уште сум тука кучки. И знам сè.“

Убави мали лажливки

Во пораките „А“ една по една ги открива тајните на секоја од девојките, кои што единствено Алисон ги знаела. Но, не е возможно таа да им ги праќа зошто е мртва. Или возможно е?

Спенсер: „Неа ја нема, но таа всушност е насекаде.“

Убави мали лажливки

Кој и да е нивниот демнач, по се изгледа ги знае сите нивни приватни работи и ги следи во секој нивни чекор. Девојките се повторно блиски и строго се придржуваат до нивниот договор да не откриваат ништо на никого, особено не на полицијата, но дали ќе се штитат и кога нивните најмрачни тајни ќе бидат откриени? Останува да видите сами.

Убави мали лажливки

Кога и како да ја гледате: „Убави мали лажливки“ е серија во која особено ќе уживаат младите момци и девојки кои не се плашат од хорор филмови или сите оние кои сакаат мало покачување на адреналинот, седејќи на удобниот кауч во дневната соба. Стравот, неизвесноста и мистеријата се присутни во секоја епизода, така што подобар ефект ќе има ако ја гледате навечер, во темница, кога сите во вашиот дом спијат. Ако одлучите да ја гледате со друштво или со вашиот партнер, замолете ги да бидат тивки додека трае епизодата, за да можете да се сконцентрирате на сплетканите детали од минатото на главните ликови и нивните „мали“ гревови, како и да ги почувствувате морниците по вашето тело.

Убави мали лажливки

Слични филмови: Бидејќи не можевме да посочиме некоја популарна ТВ серија од типот на „Убави мали лажливки“, ќе ја споредиме со неколку постари, но популарни „тинејџ-хорор“ филмови. Се сеќавате ли на филмовите „Знам што направи минатото лето“ (1997), „Сè уште знам што направи минатото лето“ (1998), „Урбана легенда“ (1998)? Епа оваа серија доста потсеќа на нив.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. stefka Reply

    a na koj kanal ke ja davaat? :)

  2. Mulholland Reply

    Многу се нервирам што вакви серии не емитуваат на наши телевизии, туку некакви турски глупаштарии.

    Серијата е одлична, од мене има препорака за гледање, симнувајте си ја од торент-сајтови, додека чекаме да ги емитуваат на ТВ ќе им помине и мода и актуелност и се` со ред.

  3. Sofi Reply

    ke ja davaat li na nekoja od neshite tv kanali ili onie shto gi ima na kablovska ?

  4. Kiko Reply

    eve vi link za site epizodi.. dosega ima 12… inaku mnogu e jaka serijava!!!
    http://tv.blinkx.com/show/pretty-little-liars/IOKHdYnibJWQJ2Su#s1e4

  5. alanija Reply

    pocnaa da ja davaat letovo i neznam zosto dadoa samo 10 epizodi, od juni negde pocnaa do pocetok na avgust i tolku prekinaa i bas pred nekoj den vidov deka izlegla 11 i 12, mislev deka samo 10 epizodi se a serijava e mn interesna zosto kolku sto citav na net do kraj nema da se znae koja e “A”. pozz

  6. marija Reply

    mnogu zabavna serija… Izgledav 12 episodi, steta sto sme preplaveni so turski serii, namesto so nesto od ovoj tip.. Mi falat denovite koga se emituvaa “simpsonivi”, “prijateli”, “futurama”, itn…

  7. Marijana Reply

    Ne sum ja gledala serijava,no po toa sto procitav za nea,zabelezav deka e interesna,Jas sega zasega gledam samo Koga Lisjata Pagjaat.

  8. Daniela Reply

    pa gossip girl od 2007 e pocnat da se emituva vo stranstvo, pa evo posle 4 godini seuste go nema kaj nas nitu pak na kablovskite kanali… najubavo e da si gi spustas site i sekoj den da si gledas po 2, oti ako cekas kaj nas da se dadat, ke ostaris pa nisto od interesnoto :) ) ,.. a jas posle gossip girl prestanav da gi gledam site serii od nasive kanali…

  9. Monnica. Reply

    Na kanalot MTV Hits ( mislam deka go ima samo na resiver) ke ja emituvaat ovaa serija od utre od 20:00. Inace serijata e super !

  10. Forbidden Rose Reply

    Ja izgledav prvata sezona i edvaj cekam da se snima i vtorata sezona, bidejki serijava nenormalno mi faliii..!!
    Za site obozavateli na serijava shto ja gledale 1 sezona:
    2 sezona ke pocne od 14 Juni – Summer premiere. =)
    PRETTY LITTLE LIARS IS THE BEST SERIE EVER !!! <3

  11. Ninica Reply

    Steta sto taka glupavo zavrsuva :( mislev pointeresna e

  12. Симона Reply

    Можам да кажам дека ја изгледав првата сезона во еден здив :) Со нетрпение ја чекам втората сезона, им препорачувам на сите да ја изгледаат оваа серија… зошто навистина вреди да се изгледа!!!!!
    Got a secret. Can you keep it?Swear this one you’ll save.Better lock it, in your pocket taking this one to the grave. If I show you, then I know you won’t tell what I said.
    Cause two can keep a secret if one of them is dead…

  13. Tijance Reply

    Definitivno megju omilenite serii mi e :D Sea pochna i 3 sezona i so dusha gi ocekuvam slednite epizodi :D <3 PLL!

Остави коментар