Една од најпознатите светски ТВ серии „Игра на тронови“ ќе ја добие својата анимираната верзија

Една од најпознатите светски ТВ серии „Игра на тронови“ ќе ја добие својата анимираната верзија

„Игра на тронови“ стана една од најгледаните ТВ серии од почетокот на нејзиното емитување во 2011 година. Серијата привлече пофалби од телевизиските критичари, главно за нејзините одлични актерски претстави, сложени ликови, раскажување приказни, величественост и продукција, иако честата употреба на голотија и насилство (особено сексуално насилство) беше критикувана.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de gameofthrones (@gameofthrones)

До денес, „Игра на тронови“ има освоено рекордни 38 престижни награди „Еми“, вклучувајќи ја и наградата за најдобра серија две години по ред (во 2015 и 2016 година). Последната сезона што започна да се емитува во 2019 година беше една од најочекуваните сезони во последно време. Интригантна и возбудлива од почеток до крај, таа доби следбеници ширум светот. Се снима и анимирана верзија на серијата, а според гласините на американските медиуми, таа ќе биде многу слична на оригиналната серија.

Оваа серија се снимаше на убави локации ширум светот, а една од нив е и Дубровник – убавината на Балканот.

Дали знаевте дека Хари Потер пристигнува во форма на ТВ серија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар