„The Wilds“: Предлог ТВ серија за овој викенд

„The Wilds“: Предлог ТВ серија за овој викенд

Приказната нè запознава со група млади девојки кои се незадоволни од својот живот од разни причини, а нивните родители решаваат да им помогнат со платено патување на Хаваи со приватен авион.

„The Wilds“: Предлог ТВ серија за овој викенд
Ако сте ја гледале серијата „Lost“, знаете дека следната сцена на островот е без сигнал, без да имате поим како сте завршиле таму. Заедно со нивната борба за опстанок на пуст остров, сцените нè водат до нивното враќање од островот, каде што психолог и истражувач се обидуваат да откријат што точно се случило и како тие успеале да ја преживеат авионската несреќа.

Приказните за девојчињата на островот се случуваат истовремено додека тие нè запознаваат со скиците од нивниот живот, па така дознаваме повеќе за нивните трауми и како тие станале такви како што се сега. Иако серијата е наменета за помладата популација, таа ќе им се допадне на сите што сакаат комбинација од акција и мистерија. Ако не знаевте што да гледате овој викенд, еве ви одлична ТВ серија!

Прочитајте и за оваа серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар