Одлична вест за сите обожаватели на Хари Потер: Приказната за младиот волшебник пристигнува во форма на ТВ серија!

Одлична вест за сите обожаватели на Хари Потер: Приказната за младиот волшебник пристигнува во форма на ТВ серија!

Сигурни сме дека не постои личност што не чула за филмовите со Хари Потер, а уште помалку знаеме за оние кои не ги сакале. Овој најпознат волшебник ги освои срцата на публиката ширум светот до таа мера што сè уште не сакаме да се разделиме од оваа приказна и со нетрпение чекаме да ги слушаме вестите за новите продолженија, а токму таквите вести одекнаа како бомба и создадоа вистински возбуда на социјалните мрежи.

Одлична вест за сите обожаватели на Хари Потер: Приказната за младиот волшебник пристигнува во форма на ТВ серија!

Почетокот на оваа година дефинитивно беше одбележан со голем број најавени рестартирања, па наскоро ќе ги видиме нашите омилени ликови во малку поинакви изданија и нови авантури. Сè започна со долгоочекуваниот собир на „Пријатели“, поддржан од HBO Max, кој наскоро ги потврди новите сезони на сериите „Сексот и градот“, за жал без Саманта, што многумина се запрашаа дали снимањето на таква серија има воопшто смисла? Но, овие наслови не се единствените чии адаптации ќе ги видиме наскоро.

HBO Max сериозно размислува за адаптација на познатата сага за Хари Потер во форма на ТВ серија. Целата реализација сè уште не е започната и проектот е во фаза на планирање, но она што е познато засега е дека овој формат може да биде многу различен од оригиналните филмови. Се надеваме дека нема да чекаме долго за реализација на проектот затоа што веќе сме доста нетрпеливи!

Дали знаете од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар