Најдобрите ТВ серии за патувања што можете да ги погледнете овие денови

Најдобрите ТВ серии за патувања што можете да ги погледнете овие денови

Иднината на патувањето е сè уште неизвесна, а плановите се менуваат од ден на ден. Најверојатно е дека во 2021 година ќе почнеме да планираме патувања надвор од границите на Македонија.

Ние сè уште можеме да фантазираме за патувања и да гледаме ТВ серии кои нè водат низ целиот свет на различни начини. Светски кујни и готвачи, животни од сите делови на планетата Земја, необични животи на различни луѓе – ова се теми во кои можете лесно да се заљубите. Овие ТВ серии ќе ве однесат во различни делови на светот, а ќе ги изгледате во еден здив.

1. Street Food Asia

Приказна за човек кој ја истражува најдобрата улична храна во Азија.

2. Parts Unknown

Серија за семејство на професионални борачи кои бараат нов начин за задоволување со крвопролевање.

3. Planet Earth

Серија од 11 епизоди за која биле потребни 5 години да се изработи. Оваа е најскапата документарна серија за природата.

4. Salt Fat Acid Heat

Оваа серија ја истражува суштината на готвењето и виталните состојки кои се кријат во срцето на одличната храна.

5. Gaycation

Една девојка и момче тргнуваат на патување за да го истражуваат животот на лезбејки, геј мажи, бисексуални, трансродни личности низ светот.

6. Gordon Ramsay: Uncharted

Славниот готвач Гордон Рамзи оди на епска авантура низ целиот свет за да ја открие кујната на домородните луѓе.

7. Our Planet

Оваа документарна серија се фокусира на разновидноста на живеалиштата ширум светот. Од арктичката пустина и мистериозните длабоки океани до огромните предели на Африка и џунглите во Јужна Америка.

8. Chef’s Table

Оваа серија патува низ животите и кујните на шестмина најпознати готвачи во светот. Секоја епизода се фокусира на еден готвач и нивниот живот и таленти во кујната.

9. Midnight Diner: Tokyo Stories

Оваа серија раскажува за животите на луѓето во Јапонија кои се хранат во еден ресторант секој ден на полноќ.

10. Tales by Light

Серија која соединува фотографи од целиот свет со истражувањата од природниот свет.

Погледнете и кои 17 серии ова лето се враќаат со нови сезони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар