Up Coffee ја регистрира вашата реакција на кофеинот и со текот на користење ќе развиете шема на пиење кафе која е најпогодна за вас со цел попродуктивен ден и подобар сон.
Го конзумираме најчесто преку кафето и чајот, ни треба за да се расониме, за да добиеме енергија или едноставно за полесно да се социјализираме. Сепак, некои факти за кофеинот не се толку познати и може да ве изненадат.
Според едно истражување спроведено од американскиот Универзитет за воена медицина, внатрешниот часовник на луѓето, најдобро реагира на кафето по 9 часот наутро.
Една причина поради која дури сега ги откриваме појасно овие докази за придобивките од кафето е бидејќи љубителите на кафето најчесто се и пушачи, и негативниот ефект од цигарите ја маскира потенцијалната придобивка од кафето...