Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

Подготвивте вкусен десерт денес? Доколку ви треба идеја, овие колачиња со кафе и чоколадо мора да ги пробате. Тие се одличен начин да ја задоволите вашата потреба за кофеин и чоколадо истовремено.Вкусни колачиња со кафе и чоколадоПотребни состојки (за колачињата):

  • 100 г гранулиран шеќер
  • 100 г кафеав шеќер
  • 115 г путер или маргарин (мек, чуван на собна температура)
  • 1 јајце
  • 150 г брашно
  • 1 супена лажица инстант кафе (неподготвено)
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • ¼ кафена лажичка сол
  • 60 г сечкани ореви
  • 3 полуслатки чоколади сечкани на парчиња

За преливот од кафе:

  • ½ кафена лажичка инстант кафе (неподготвено)
  • 1 супена лажица вода
  • 65 г шеќер во прав

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180˚C. Во голем сад додадете го шеќерот во гранули, кафеавиот шеќер, путерот и јајцето. Изматете добро со миксер на средна брзина или мешајте со лажица додека смесата не стане кремаста. Потоа додадете брашно, кафе, сода бикарбона и сол. Добро измешајте, па додадете ги и сечканите ореви и ситните парчиња чоколадо.

Смесата ставете ја во шприц за готвење со поширок отвор и на хартија за готвење шприцајте по малку од смесата, само внимавајте да бидат оддалечени околу 4 центиметри за да не се спојат колачињата во текот на печењето.

Печете 12-15 минути, додека не станат бронзени. Почекајте 4 минути, па преместете ги во сад погоден за ладење. Оставете целосно да се изладат околу 30 минути.

За да го направите преливот, измешајте го кафето со водата, потоа додадете го и шеќерот, па мешајте за да добиете кремаста смеса. За крај декорирајте ги колачињата со помош на преливот од кафе.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар