Паметно огледало кое прикажува филмови и пушта музика

Паметно огледало кое прикажува филмови и пушта музика

Креативниот и корисен мебел и домашниот декор можат да ни помогнат да создадеме дом кој ќе го обожаваме и во кој комплетно ќе уживаме. Уште поинтересно е кога обичните, секојдневни предмети прават необични работи. Така на пример, дизајнерот Роберт Гринкофки го создал „Mirror 2.0“, огледало за во бањата кое работи со технологија на гласовни команди и препознавање на лице и движење.

Паметно огледало кое прикажува филмови и пушта музика

Два елцеде екрани се поставени зад огледалото, кое име камера за препознавање на лице, сензори за управување со движења и микрофон за гласовна контрола. За да се забавувате додека ја користите бањата, можете да се послужите со ова креативно огледало, на кое ќе гледате филм или ќе слушате музика, ќе ја читате вашата омилена е-книга или ќе ги дознаете актуелните вести.

Паметно огледало кое прикажува филмови и пушта музикаПаметно огледало кое прикажува филмови и пушта музика

Доколку и тоа не ви е доволно, огледалово ќе започне и да комуницира со вас, давајќи ви потсетници за важните состаноци и известувања за промените на временската прогноза. Дополнително тоа може и да ви ја прилагоди собната температура и да ви ја замрачи светлината во просторот.

Паметно огледало кое прикажува филмови и пушта музика


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар