Начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени

Начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени

Кажувањето „Те сакам“ е можеби најлесниот начин да му покажете некому да се грижите за него, но тоа не е единствениот начин. Кога станува збор за искажување на емоциите, секоја индивидуа е различна. Кај некои доминираат зборовите, додека пак кај други делата и гестовите. Начинот на кој вашиот сакан ја искажува љубовта може да не биде ист како вашиот, па тоа може да направи да се чувствувате анксиозно и несигурно. Па, ако сакате да се осигурите дека тој има чувства за вас, погледнете ги следниве знаци што укажуваат на тоа.

1. Тој ве слуша како ваш личен дневник

Ако вашиот партнер е подготвен да ве слуша и да ве утеши за време на вашите најсреќни, но и најтажни денови, тогаш не само што тој е одличен слушател, туку исто така покажува и дека е сигурен во вашата врска.

2. Тој обожава да се прегрнува исто колку и вас

Кога сте заљубени, прегратките се една од најголемите радости во врската. Ако вашиот партнер сака да се гушка исто колку и вас, тоа значи дека тој обожава да поминува квалитетно време со вас, и уште поважно, ја цени интимноста во врската. Од друга страна пак, повремените бакнежи во чело додека сте во неговата прегратка е начин на кој тој ви кажува колку му значите без зборови.

3. Најчесто избегнува јавно покажување љубов

Повременото јавно покажување љубов е сосема во ред, но ако вашиот партнер го прави тоа цело време, може да биде црвено знаме. Со тоа што сака да ве покажува пред сите, тој ја покажува и својата несигурност, а ако не знае како да ги оттргне рацете од вас, дури и кога е несоодветно да ве допира, тогаш станува збор за похота, наместо за љубов.

Погледнете ги и најголемите разлики меѓу сексот од љубов и сексот без љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар