3 начини на кои можете да чувате пајаците и бубачките понастрана од вашиот дом

Пајаците и бубачките знаат да бидат голема иритација, и да направат нашиот дом да изгледа нечисто. Постојат различни хемикалии што помагаат при борбата со овие штетници, но тие исто така се нездрави и за децата и домашните животни. Меѓу другото, тие ѝ штетат и на околината. Токму затоа решивме да споделиме со вас неколку начини на кои можете сосема природно да се ослободите од пајаците и бубачките и да го одржите вашиот дом чист и здрав…

1. Користете масло од пеперминт за да ги избркате штетниците

Маслото од пеперминт е силен и ефективен начин за справување со штетниците. Но, тоа исто така може да предизвика иритација на кожата кај луѓето и животните. За да го избегнете ова, препорачано е да го измешате маслото со вода за да се раствори. Вака составената мешавина испрскајте ја на оние места каде што најчесто гледате или очекувате да видите пајаци и други инсекти. Исто така испрскајте ги и вратите и прозорците за да ги спречите новите штетници да влезат во вашиот дом.

2. Направете сопствен спреј против бубачки

Вие самите можете да направите природен спреј што ќе ги држи бубачките настрана од вас. За да го направите, измешајте јаболков оцет, масло, црвен пипер и течен сапун во шише со распрснувач. Исто како и со претходниот спреј, испрскајте ги сите влезови во вашиот дом, како вратите и прозорците. И не заборавајте да препрскате после дожд.

3. Поставете цитрусни кори околу вашата куќа

Свежиот цитрусен мирис е нешто што инсектите го мразат. Можете да искористите кое било цитрусно овошје, вклучувајќи портокали, лимони или лимети. Поставете ги корите околу вашиот дом, во близина на вратите, прозорците, полиците и сите останати места каде што се сомневате дека би можеле бубачките и пајаците да влезат во вашиот дом. Менувајте ги корите на секои 48 часа за најдобар ефект.

Прочитајте ги и овие застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар