Како да препознаете дека некој ве лаже?

Како да препознаете дека некој ве лаже?

Реалноста е дека повеќето луѓе одвреме-навреме лажат. Некои од овие лаги се „мали бели лаги“ наменети да ги заштитат чувствата на другите луѓе („Не, не изгледаш дебело во таа кошула!“). Во други случаи, овие лаги можат да бидат многу посериозни како, на пример, прикривање криминал.

Како да препознаете дека некој ве лаже?

Доколку се сомневате дека некој не ја кажува вистината, обратете внимание на овие детали:

1. Говор на телото

Кога станува збор за откривање лаги, луѓето често се фокусираат на јазикот на телото. Личноста која лаже во одреден момент ќе стане нервозна и ќе почне чудно да гестикулира или дури ќе се обиде да ги скрие рацете за да ги прикрие потенцијалните знаци на лажење.

2. Изрази на лицето

Личноста која лаже ќе има неправилен израз на лицето, како што е смеа што не одговара на ситуацијата или премногу напнат израз кој е несоодветен во тој момент.

3. Преувеличување

Понекогаш луѓето кои лажат ги преувеличуваат своите тврдења за да ги направат поубедливи. Тие веројатно ќе ја повторат мислата неколку пати во приказната за да се уверат самите во тоа или, ако е можно, ќе вклучат други луѓе во нивната приказна за тоа што го кажуваат да изгледа поверодостојно.

Зошто е толку тешко да се открие лажењето?

Вистината е дека не постои универзален знак дека некој лаже. Сите знаци, однесувања и показатели што истражувачите ги поврзуваат со лажењето се само индиции што би можеле да ги откријат дали личноста е искрена.

Но, следниот пат кога ќе се обидете да ја процените вистинитоста на приказната на поединецот, престанете да барате клише знаци и научете како да забележите посуптилни однесувања што би можеле да се поврзат со лажење. Освен тоа, верувајте во вашата интуиција. Не занемарувајте ја.

Откако прочитавте за знаците според кои можете да препознаете дали некој ве лаже или не, можеби ќе сакате да прочитате и како намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врската.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар