Најдобрите етерични масла за совршен спа-ден

Најдобрите етерични масла за совршен спа-ден

Етеричните масла ни помагаат да ги намалиме стресот и симптомите на сезонските алергии, а неколку капки масло во бањата можат да ни помогнат да отстраниме голем број заболувања, од воспаление на мускулите до симптоми на настинка. Ако барате да се опуштите и да ги ублажите симптомите, етеричните масла се одличен природен избор.

Најдобрите етерични масла за совршен спа-ден

За опуштање

Маслото од лаванда ја подобрува циркулацијата и има смирувачки ефект. Покрај тоа, се препорачува за ублажување на воспалението на мускулите и ќе ви помогне да заспиете подобро.

За намалување на болките

Маслото копаиба е направено од дрво што расте во Северна Америка и се покажа дека е ефикасно во намалувањето на болката, особено на артритисот. Ова масло има антиинфламаторно и антибактериско дејство, така што има корисен ефект врз кожата.

За воспаление на мускулите

Покрај тоа што има антиинфламаторно дејство, маслото од темјан го смирува телото и е идеално за намалување на воспалението во мускулите.

Против настинки

Маслото од еукалиптус се препорачува во третманот на симптомите на настинка. Го одзатнува затнатиот нос, го опушта телото и се бори против сувата кожа склона кон иритации.

За расонување

Цитрусните масла (од портокал, грејпфрут, лимонска трева) ќе ги разбудат сите ваши сетила со својот мирис. Затоа, овие масла се препорачуваат за утрински бањи.

Рецепти за бањи со етерични масло

За опуштање: 5 капки масло од лаванда и 5 капки масло од портокал

За расонување: 5 капки масло од еукалиптус, 3 капки масло од лимонска трева и 3 капки масло од грејпфрут

За слатки сништа: 8 капки масло од лаванда, 4 капки масло од камилица, 3 капки масло од портокал и 1 капка масло од сандалово дрво

Прочитајте во кои 6 ситуации не треба да користите етерични масла.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар