Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

Ако сакате да го исполните слободното време со игри за мобилни телефони, а ви недостасуваат идеи, погледнете ги овие препораки.

Alto’s Odissey

Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

Оваа зен-игра ќе им се допадне на сите што се грижат за атмосферата. Сè што треба да направите е да го допирате вашиот мобилен телефон на некои места за да го натерате вашиот херој да скокне, а вие сте опкружени со прекрасна глетка и волшебна музика. Можете да ја започнете играта ако имате 10 слободни минути што сакате да ги „потрошите“, но таа може да стане „заразна“.

Tiny Room Stories: Town Mystery

Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

Оваа игра е одлична за луѓето кои сакаат мистерии бидејќи барате траги за да откриете зошто исчезнале сите во еден мал град. Вие сте детектив кој љубопитно го истражува малото гратче Редклиф и наоѓа траги, решава мали загатки и ја решава истрагата.

House Flipper

Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

Дали сакате преуредување и дали сакате да гледате емисии за реновирање? Ќе ја обожавате работата на експертите во разубавување уништени куќи на кои ќе им дадете втор живот и ќе ги продавате за повисока цена.

Погледнете ги и овие апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар