Дали е возможно да имате премногу слободно време?

Дали е возможно да имате премногу слободно време?

Замислете да имате можност самите да си одредите колку слободно време ќе имате во текот на денот. Колку часа би избрале? Но, запрашајте се и нешто друго: доколку навистина можете самите да си одредите колку слободно време ќе имате, дали би биле посреќни или тоа воопшто не би се одразило врз вашата благосостојба?

Во едно ново истражување, тим од експерти работел со цел да најде одговор на ова прашање. Тие ја проучувале врската помеѓу слободното време и чувството на задоволство за да откријат дали помеѓу нив постои причинско-последичен однос. Истражувачите го дефинирале слободното време како време кое се користи за разонода или за некоја друга цел што нема поврзаност со тековните обврски.

Тие ја провериле тезата дека количината слободно време влијае врз човечката благосостојба и тоа на два начина. Најпрвин, тие побарале од учесниците во истражувањето да опишат што работат во своето слободно време, а потоа ги запрашале колку се задоволни во животот. Истражувачите сакале да дознаат и како секој од учесниците ќе реагира ако има можност да избере колку слободно време ќе има. За таа цел од нив било побарано да замислат две сценарија: во првото тие би го искористиле даденото слободно време на продуктивен начин, а во второто не.

Преку анализа на нивните одговори, истражувачите дошле до следните заклучоци:

1. Недоволното слободно време (помалку од 2 часа) негативно влијае врз благосостојбата на луѓето, а зголеменото слободно време пак, ги прави луѓето среќни но само до одреден степен.

2. Луѓето можат да имаат премногу слободно време. Истражувачите откриле дека слободното време кое трае повеќе од 5 часа може негативно да влијае врз нашето расположение.

3. Важно е како луѓето го користат своето слободно време. Кога го поминуваат во друштво со пријатели, или со некаков продуктивен исход, не ослабнува чувството на лична сатисфакција. Од друга страна пак, ако го поминуваат слободното време без да бидат продуктивни со текот на времето ќе стануваат сè повеќе раздразливи.

4. Овие резултати важат подеднакво и за слободното време во текот на работната недела и за време на викендот, како за вработените така и за невработените.

Откако прочитавте за резултатите од ова истражување, ви препорачуваме да прочитате и за друга студија според која главната разлика меѓу богатите и сиромашните луѓе лежи во тоа како го поминуваат слободното време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар