5 стравови кои сите трудници треба да ги заборават

5 стравови кои сите трудници треба да ги заборават

Бременоста е магично искуство, но таа со себе носи и стравови кои голем дел од трудниците ги чувствуваат во текот на овие 9 месеци. Идните мајки, особено ако станува збор за прва бременост, често се плашат дали сè ќе биде во ред со бременоста и бебето. Големи се шансите дека ќе биде сè во ред, особено доколку здраво се исхрануваат, доволно се движат и внимаваат на пренаталната грижа. Токму затоа и сите трудници треба да престанат да се плашат за следниве 5 нешта и да почнат да уживаат во нивното ново искуство.

5 стравови кои сите трудници треба да ги заборават

1. Спонтан абортус

Најголемиот број од спонтаните абортуси се случуваат во првите 10 до 12 недели од бременоста и не можат да бидат спречени бидејќи најчесто станува збор за случајни генетски абнормалности. Токму затоа и нема смисла постојано да сте фокусирани на овој страв.

За да бидете сигурни, ризикот од спонтан абортус може да се намали со избегнување никотин и општо одржување на телесната тежина. Крвавењето и болките во раниот период од бременоста се знаци поради кои би требало веднаш да се обратите на доктор.

Во случај навистина да доживеете спонтан абортус, тоа не значи дека имате поголеми шанси да го искусите истото и со наредната бременост.

2. Удар во стомак и повреда на детето

Скоро е невозможно да го повредите детето со удар во стомакот бидејќи фетусот е опкружен со голема количина амнионска течност која го штити.

3. Прерано породување

Поголема можност за прерано породување постои кај оние жени кои веќе родиле дете пред терминот, кај жените кои носат близнаци или повеќе бебиња, како и кај оние кои пука мембраната или настанува крвавење. Во секој случај никој не може да предвиди дали ќе дојде до прерано породување.

Во околу 10% од сите бремености се случува прерано породување, а таа опасност може да се спречи така што за време на овие 9 месеци жената не се здебели многу и го држи под контрола крвниот притисок и дијабетесот. Токму овие 2 здравствени проблеми најчесто предизвикуваат прерано породување.

Една просечна жена, со добро здравје, воопшто не треба да се грижи дека ќе има какви било знаци за породување пред 37-та недела.

4. Папочна врвка замотана околу бебешкото вратче

Во дури 25% од бременостите се случува папочната врвка да се замота околу вратот на бебето, но тоа не е знак за паника. Амнионската течност овозможува доволно простор помеѓу папочната врвка и вратот на детето за тоа да може слободно да дише.

Се случува папочната врвка да се замота околу вратот на бебето неколку пати, притоа предизвикувајќи проблем, но тоа се многу ретки случаи и шансите да ви се случи токму вам се скоро непостоечки.

5. Итен царски рез

Итниот царски рез е потребен доколку отчукувањата на срцето на бебето не се доволно силни, доколку постелицата се одвои од ѕидот на матката или пак, ако настанат проблеми со папочната врвка. Но, сите овие случаи се премногу ретки. Најголемиот број породувања поминуваат без никаков проблем, па токму затоа и нема потреба постојано да се грижите за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар