Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

Овие неколку трикови ќе ви помогнат да го претворите слободното време во време за грижа за убавината и за здравјето на телото и на целиот организам. Нема човек кој не знае колку е тешко да се избалансира слободното време, што е многу кратко. Денес, луѓето живеат динамичен живот и ретко ви останува слободно време за одмор и за грижа за убавината и за здравјето. Затоа е потребно да направите некои отстапки и да се обидете да убиете две муви со еден удар, а овие неколку совети ќе ви откријат како да го направите тоа.

Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

Како да вежбате и да се одморите истовремено?

Иако звучи невозможно и крајно апсурдно да се одморите со вежбање, тоа е можно ако следите неколку совети.

Пријатен амбиент

Потребно е да го подготвите амбиентот така што ќе ви овозможи чувство на релаксација: светлина, малку ароматични масла за опуштање, тивка музика.

Или пуштете го вашиот омилен филм и легнете на подот со неколку перници.

Штом амбиентот е поставен за релаксација, тренингот може да започне.

Вежби за опуштање што го отстрануваат целулитот

При грижата за здравјето и за убавината на телото, потребно е да одвоите време за борбата против целулитот, а тоа не е лесно.

Кога ви е потребен одмор, едноставно немате желба за вежбање, но на овој начин можете да ги постигнете двете работи одеднаш.

Во пријатен амбиент, потпрете се на перниците и започнете со првата вежба:

  • Левата нога оптегната со стапало кон себе, десната нога свиткана кај коленото.
  • Подигнете ја ногата десет сантиметри од подлогата, држете ја неколку минути и спуштете ја.
  • Повторете барем десет пати, потоа заменете ги нозете и сторете го истото.

Оваа вежба не само што го подобрува тонусот на кожата и го намалува целулитот, туку ги зајакнува и мускулите на ‘рбетот. Исто така, таа е добра за секој што долго седи или стои бидејќи ги намалува болките во грбот.

Следна вежба:

  • Левата нога е оптегната и подигната околу десет сантиметри од подлогата.
  • Десната нога е свиткана во коленото.
  • Поместете ја левата нога налево и вратете ја на почетната позиција.
  • Повторете десетина пати и сменете ги нозете.

Оваа вежба не е напорна, ги затегнува мускулите на бутот и глутеусот, а на тој начин влијае и на разградувањето на целулитот во тој регион.

Овие две едноставни вежби може да се направат додека гледате филм или се релаксирате со музика. Всушност, тие можат да се прават и во када додека се релаксирате со мирислива купка.

Овие вежби се одлични за одржување витка линија и убав изглед, влијаат на целокупното здравје на организмот и може да се прават во слободното време наменето за релаксација.

Слободно време со музика и танцување

Музиката и танцот се одличен начин да го искористите слободното време и да одвоите време за себе – време за ослободување од стресот и за подобрување на расположението. Додека танцувате, ги затегнувате мускулите на телото и ја подобрувате циркулацијата на крвта.

Вашата омилена музика го поттикнува лачењето на хормонот на среќата, а со тоа се подобрува расположението и се намалува нивото на стрес. Ова е можеби најдобриот пример за тоа како слободното време може да се искористи во корист на здравјето и на убавината.

Водата како извор на релаксација и грижа

Слободното време поминато во природа покрај вода каде што можете да уживате и да се опуштите додека пливате е одлично искористено слободно време. Дури и да не е во природа, туку во затворен базен во зима, водата има големо влијание врз здравјето.

Петнаесет минути пливање не само што нуди забава, туку заменува цел час во теретана.

Лебдењето на површината на водата додека главата половина е во водата носи чувство на релаксација и му помага на умот да се одмори.

Пливањето го затегнува телото, влијае на дигестивниот и на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува циркулацијата и ги активира сите мускули во телото. Сето тоа се случува практично незабележливо бидејќи додека пливате и се забавувате во вода, телото работи и вежба, а вие не сте ни свесни за тоа.

Јогата како вежба и релаксација

Јогата за некои звучи глупаво и претенциозно, а некои ја сакаат и им звучи примамливо. Оние кои практикуваат јога тврдат дека е одлична за здравјето и за флексибилноста на телото, но и за релаксација и за ослободување од стресот.

Голем број луѓе практикуваат јога и на тој начин постигнуваат единство помеѓу телото и духот и успеваат да се ослободат од стресот, да го подобрат тонусот на мускулите, да ја отстранат болката во телото и да се ослободат од негативната енергија.

Користењето на слободното време на паметен начин и вложување во здравјето и во убавината никогаш не може да биде погрешно. Не мора да го трошите слободното време на ваков начин секој пат. Доволно е да применувате некои од овие совети двапати неделно за да забележите промени.

Погледнете ги овие 3 дневни рутини за убавина што можете да ги позајмите од ајурведата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар