Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас

Џасмин Томсон е многу талентирано тринаесетгодишно девојче кое живее во Лондон. На својот Јутјуб канал таа има околу 180.000 претплатници кои секоја недела со нетрпение очекуваат таа да закачи ново видео со нејзина изведба од некој светски хит.

Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас

Некои од нејзините видеа се гледани и повеќе милиони пати, а досега има изведувано песни од Адел, Давид Гета, Ели Голдинг, Ријана, Бруно Марс и многу други. Покрај тоа што пее фантастично за нејзина возраст, таа одлично свири на гитара и пијано. Доколку сакате постојано да сте во тек со нејзината работа, можете да ја следите на Фејсбук и на Твитер.

Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас

Во продолжение слушнете неколку нејзини изведби кои тотално ќе ве воодушеват.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Stefan Reply

    Viktor Milevski ti mora da si GLUV. Devojcevo e na granica za fals… Voopsto ne sum vooduseven

    • Виктор Милевски Reply

      Како? Извини не те чув 😀

    • Lol Reply

      Ne e nesho WOW, ne e kako Ilma Karahmet od X factor, ama devojceto e dobro. A ti fals ocigledno ne ni znaes sto e.. mozese da si kazes deka ne ti se svigja, a ne pogresno da koristis muzicki termini.

Остави коментар