Тринаесетгодишно девојче кое ќе ве воодушеви со нејзиниот глас
Џасмин Томсон е многу талентирано тринаесетгодишно девојче кое живее во Лондон. На својот Јутјуб канал таа има околу 180.000 претплатници кои секоја недела со нетрпение очекуваат таа да закачи ново видео со нејзина изведба од некој светски хит.

Некои од нејзините видеа се гледани и повеќе милиони пати, а досега има изведувано песни од Адел, Давид Гета, Ели Голдинг, Ријана, Бруно Марс и многу други. Покрај тоа што пее фантастично за нејзина возраст, таа одлично свири на гитара и пијано. Доколку сакате постојано да сте во тек со нејзината работа, можете да ја следите на Фејсбук и на Твитер.

Во продолжение слушнете неколку нејзини изведби кои тотално ќе ве воодушеват.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
