Најновите достигнувања во технологијата стануваат секојдневна реалност: Такси без возач и волан

Најновите достигнувања во технологијата стануваат секојдневна реалност: Такси без возач и волан

Во Калифорнија официјално почна да вози т.н. роботакси, односно такси без возач. Станува збор за електрично возило на технолошката компанија Zoox во сопственост на Амазон на чиј дизајн се работело речиси десет години.

Најновите достигнувања во технологијата стануваат секојдневна реалност: Такси без возач и волан

Возилото е со погон на четири тркала, а било тестирано во 2020 година на приватни патишта пред Одделот за моторни возила во Калифорнија да даде дозвола да биде пуштено во употреба и на јавни патишта.

Првото официјално возење го имаше на 11 февруари годинава, и моментално ги превезува вработените во Zoox помеѓу нивните две канцеларии во Фостер Сити со ограничување на брзината од 56 километри на час.

Ова такси може да вози до 120 километри на час и 16 часа помеѓу полнењата.

Возилото е долго 3,6 метри и високо 1,9 метри, а може да превезе до четири патници одеднаш кои влегуваат низ лизгачки врати.

Друг занимлив податок е дека возилото нема волан, сопирачки или педала за гас. Тоа е дизајнирано за да биде управувано исклучиво од компјутер, а не човек.

Откако прочитавте за т.н. роботакси, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар