Научниците откриваат: 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата

Научниците откриваат: 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата

Ако погледнете околу себе, ќе сфатите дека многу работи кои денес ви се чинат секојдневни, всушност би звучеле навистина научно фантастично кога би ги опишале на некој пред 20 години. Од денешна гледна точка иднината се чини толку неверојатна што сигурно не знаете дали да бидете возбудени или преплашени.


Постојат толку многу технолошки чудесии на различни полиња, од медицински истражувања до вселенски. А да не зборуваме за тоа колкав напредок се забележува кај роботите и колку тие почнуваат да наликуваат на луѓе.

Научниците откриваат: 6 навидум научно-фантастични откритија кои можеби се иднината на технологијата

На научните истражувања им е потребно долго време за да покажат резултати, така што веројатно нема да се возиме со летачки автомобили во следниве неколку години, но иднината доаѓа многу побргу отколку што очекуваме. Во тој контекст постојат голем број предвидувања во однос на тоа што можеме да очекуваме од иднината од технолошки аспект. Ова се 6-те најфасцинантни идни откритија кои вреди да се споменат…

1. Култивирано месо

Под култивирано месо се подразбира одгледување на месо во контролирана средина, така што животните повеќе не би ни биле потребни. Научниците успеале да произведат плескавица во лабораторија, но моментално тоа е премногу скапо за масовно производство (иако сосема е возможно ова да стане нормално за 10-20 години).

На овој начин ние не би ги трошеле ресурсите што не можат да се обновуваат, кои моментално се користат во месната индустрија, и одгледувањето месо во такви услови би ги решило проблемите со заразите кои се пренесуваат преку храната. Меѓутоа, досега технологијата е способна да произведе само минимални количини месо, а не цели парчиња бидејќи за тоа е потребна васкуларизација на клетките.

На кој би му бил потребен добиток кога би можеле самиот да си одгледува говедско месо? Оваа идеја можеби звучи неверојатно, но поблиску е до реалноста отколку што мислите. Со брзиот развој на технологијата, ова може да биде многу поекономично од традиционалните методи на произведување месо.

2. Град од облаци на Венера

Можеби површината на планетата не е најсјајна, но ако отидете 50 километри нагоре ќе забележите дека атмосферата на Венера е многу слична на онаа на планетата Земја. Освен тоа, атмосферскиот притисок е ист како на Земјата, температурите варираат од 0 до 50 степени Целзиусови, а и гравитацијата е прилично слична. Градот од облаци претставен во „Војна на Ѕвездите“ би можел да стане реалност и ние еден ден би можеле да уживаме високо над Венера. Можете ли да си замислите?

3. Колонизација на Галаксијата

Идејата дека нанороботите можат да изградат што било ако имаат материјали и скица, вклучувајќи и други нанороботи, не е толку далеку од реалноста. Медицинската технологија наскоро би можела да инкубира човек од зачнување до раѓање. А и сѐ почесто наоѓаме планети со иста големина како Земјата во нашата галаксија.

Сега, замислете си да испратиме човечка ДНК, наноработи кои самите се размножуваат и целото човечко знаење на мал вселенски брод на некоја планета слична на Земјата. Кога ќе стигнат таму, нанороботите ќе бидат програмирани одново да ја изградат целата цивилизација. Доколку најдеме илјадници такви планети и испратиме бродови на секоја од нив, тогаш дефинитивно можеме да сметаме дека успехот на овој план е сосема возможен.

Станува збор за научно-фантастична идеја која би можела да стане реалност еден ден: Човечки суштества кои го колонизираат универзумот, храбро одат онаму каде што никој не се осмелил претходно. Барем додека не се појават вонземјаните. Бидејќи веќе кога отидовме толку далеку во научната фантастика, слободно можеме да претпоставиме дека постојат вонземјаните.

Научниците откриваат: 6 навидум научно-фантастични откритија кои можеби се иднината на технологијата

4. Нуклеарна фузија

Како што светот постојано се развива во насока на климатските промени, високи температури кои постојано растат, ледени брегови кои се топат и смог кој ги покрива градовите, веројатно е дека наскоро ќе имаме потреба да најдеме чиста, моќна и евтина енергија, а единствената целосно чиста и постојано одржлива енергија е нуклеарната фузија. Единствените потребни материјали за да се започне со процесот се водородни атоми, но исто така потребна е температура висока над милион степени Целзиусови и атмосферски притисок кој изнесува 1.000.000. Ниту еден нуклеарен отпад и евтини стартни материјали нема да ја спасат Земјата од оваа криза. Која земја прва ќе успее да произведе нуклеарна фузија, ќе владее со светот.

Дали ова би можело да биде решението за проблемите на Земјата поврзани со производството на енергија? Каков и да е одговорот, убаво е да си замислуваме дека возможно е да се произведе форма на енергија која нема да ја убива планетата.

5. Вештачка интелигенција

Постојат верувања дека вештачката интелигенција, односно интелигенцијата која е на ниво на човечката, способна да се развива, да учи и да создава, ќе стане реалност во блиска иднина. Но, проблемот е што оваа вештачка интелигенција би можела самата да создаде друг вид интелигенција која би била малку попаметна од неа. На тој начин за неколку години би имале интелигенција која е многу поголема од човечката.

Помислата дека еден ден роботите би можеле да завладеат со светот е навистина застрашувачка!

6. Снимање на соништата

Научниците од Јапонија работат на машина која би можела да ни ги снима соништата и потоа да ги пушта да ги гледаме.

Ова е навистина интересна идеја и може да биде им биде од голема помош на психолозите кои се обидуваат да ги откријат проблемите во потсвеста на човечката психа. А сигурно и самите некогаш сте посакале одново да се потсетите на некој ваш сон кој ви бил интересен.

Иднината доаѓа и изгледа навистина неверојатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар