Тест: Изберете златна мандала и откријте нешто повеќе за вашето вистинско „јас“!

Тест: Изберете златна мандала и откријте нешто повеќе за вашето вистинско „јас“!

Длабоко вдишете и фокусирајте се на пределот над вашата глава (вашата чакра). Изберете златна мандала и одвојте малку време за да ја анализирате вашата порака.

Тест: Изберете златна мандала и откријте нешто повеќе за вашето вистинско „јас“!

  • Мандала бр. 1

    Семињата засадени денес ќе имаат фантастичен потенцијал за вас во далечната иднина. Оваа идеја/семе ќе одземе многу време, планирање и трпение. Дозволете деталите да дојдат до вас без да ја принудите оваа одлична можност да се реализира предвреме. Разбудете се со сознанието дека има безброј можности на вашиот праг кои чекаат да ги искористите.

  • Мандала бр. 2

    Време е да се откажете од работите за кои знаете дека „ви ја цицаат енергијата“. Сите ние имаме различни пороци; кофеин, пушење, пиење, склоност кон драматизирање… Сите ние имаме нешто што го правиме за кое знаеме дека не е добро за душата. Денес е совршен ден за пренасочување на тоа нездраво однесување. Заменете го со нешто позитивно, со нешто што е добро за душата. Ако долго време се дружите или трпите негативни луѓе, можеби сега е време да побегнете од таа драма и да внесете позитивна енергија во вашиот живот.

  • Мандала бр. 3

    Денес е суден ден за вас, но не на апокалиптичен начин. Време е да започнете да преземате поголема одговорност во вашиот живот. И иако понекогаш може да биде малку страшно, не дозволувајте тоа да ве спречи да го живеете животот што го заслужувате. Тоа значи дека ќе започнете нова фаза во животот. Освен тоа, ќе имате можност да се соочите со последиците од вашите лоши постапки ако одвоите време да размислите и да преземете одговорност за нив. Како што ја преземате одговорноста за вашиот живот и ги прифаќате работите какви што се во сегашниот момент, ќе се ослободите од негативната карма и ќе создадете добра/позитивна карма во вашиот живот. Најважно е да не го повторувате она што го правевте пред да започнете да работите на промената. Продолжете напред!

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете кое е вашето духовно животно и која е неговата лекција за вашиот живот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар