Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Од пустината Атакама чиј состав на почва е најблизок до оној на Марс до најмоќната река во светот, Амазон, како и заборавениот град на Инките, убавините на Јужна Америка не можат да се споредат со никој друг континент.

Пустината Атакама

Пустината Атакама се наоѓа на висорамнина во северниот дел на Чиле и претставува едно од најсушните места во светот. Бидејќи нејзината почва по состав е најблизу до онаа на Марс, НАСА ја користи за различни истражувања и тестови. Малкумина би помислиле дека се карактеризира со богата флора која брои околу 500 видови растенија, а по ретките дождливи периоди се јавува феномен на „цветна пустина“ кога пустината е покриена со шарени цветови.

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Мачу Пикчу

Легендарниот град бил изграден во долината на реката Урубамба околу 1300-та година, но поради страв од напад на Шпанците, Инките го напуштиле во 16 век и ги уништиле сите траги кои водат до него. Тие изградиле импресивни градби без железни алатки, а со оглед на тоа дека Перу се протега на трусно подрачје, овие структури се отпорни на земјотреси. Голем дел од градот на Инките е сè уште неистражен, но доколку патот ве однесе натаму морате да ги посетите Храмот на Сонцето и Храмот на Месечината.

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Амазон

Со должина од 6.500 километри и повеќе од илјада притоки, Амазон носи една петтина од вкупното количество вода на сите речни текови во светот. Поради огромното богатство на растителни и животински видови, централното подрачје на реката е под заштита на УНЕСКО. Реката е дом на разноразни животни меѓу кои и алигатори, мајмуни, но и најголемата змија во светот – анакондата.

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Национален парк Los Roques

Станува збор за венецуелски архипелаг со повеќе од 300 острови. Бројните плажи со бел песок и тиркизно море нема да ве остават рамнодушни. Сепак, со оглед на тоа дека Венецуела се карактеризира со висока стапка на криминал и сиромаштија, за ваша безбедност најдобро е да патувате со локална агенција.

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Откако прочитавте за мистичните локации во Јужна Америка, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те причини поради кои вреди да ја посетите Аргентина.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар