Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

После извесно време не ни забележуваме како работите коишто некогаш сме ги користеле и обожавале, како на пример видео рекордерите, компакт дисковите или телефоните на преклопување, полека исчезнуваат и се заменети со нови и попрактични уреди. Многу мал број од вообичаените уреди ја имаат преживеано оваа модернизација, како далечинските управувачи за телевизор или клучевите за врата, но нема да помине премногу време, за да заборавиме и на нив. Кои други направи и уреди мислите дека би ги снашла истата судбина? Дали вашиот работодавач, за 20 години од сега би можел да ве клонира доколку е задоволен од вашиот перформанс? Прочитајте за да дознаете.

1. Ретровизори

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Ауди веќе го најави лансирањето на својата серија автомобили без ретровизори, во 2019 година. Наскоро и останатите производители на автомобили ќе го следат овој иновативен пример. Сите автомобили ќе имаат вградени камери и паметен систем којшто би го предупредил возачот во случај на опасност.

Во истата ситуација, се рачните менувачи и моторите на бензин. Од почетокот на годинава, сите нови згради во Англија ќе имаат електрични станици за полнење на автомобилите и до 2035, надлежните планираат поголемиот дел од популацијата да вози еколошки возила кои не ѝ наштетуваат на природата.

2. Далечински управувачи

Технологијата на паметен дом станува дел од нашиот секојдневен живот. Сите уреди можат да бидат управувани преку вашиот таблет или паметен телефон и наскоро, нема да имаме потреба од користење стандардни далечински управувачи.

3. Пари и кредитни картички

Во 2017, компанијата TSYS направила истражување за да го одреди најпопуларниот метод за плаќање. Само 120 луѓе од 1000 кажале дека би платиле во готово, додека останатите одбрале метод на плаќање со кредитни картички. Но, и на времето на кредитните картички ќе му дојде крајот бидејќи веќе подолго време имаме можност за плаќање со паметни часовници, паметни телефони и слични уреди.

Во иднина, ќе имаме можност да управуваме со новата технологија на Мастер Кард таканаречена „Селфи Плаќање“ (Selfie Pay) благодарение на која ќе можеме да направиме исплата со само едно трепкање во предната камера од нашиот телефон. Во ноември, 2018 година, луѓето ќе имаат можност да ја тестираат оваа технологија во Европа.

4. Клучеви

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

За само 20 години, комплетно ќе заборавиме како изгледале стандардните клучеви за врати или автомобили. Технологијата за стартување на автомобили со притискање на копче веќе ни е одамна позната, но замислете да имате можност да го отворите вашиот стан користејќи само апликација на вашиот телефон, говорна команда или преку скенирање на ретината.

5. Кабли

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Полначите за телефони наскоро нема повеќе да ве нервираат бидејќи се искинале и жиците излегле на површина. Замислете да ги извадите слушалките од вашиот џеб и да не се заплеткани… Во блиска иднина, ќе имаме можност да користиме радио бранови и безжичен Интернет, за да ги полниме нашите уреди. Сите тие досадни кабли што само сметаат и прават неред во нашите домови ќе ги снема и сè околу нас ќе стане пофутуристичко.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар